Познато е зошто и покрај ниската цена, сеуште се произведува нафта

0

Денес имаме работи кои до вчера ги сонувавме, ама, џабе ни се. Воздухот никогаш почист ама забрана за движење. Нафтата никогаш поефтина ама за каде да натанкаш резервоар?

Барел канадска нафта денес вреди помалку од кафе лате во Старбакс или слично место, откако во петокот постигна цена од само 5 долари, пренесува Јаху фајненс. Ова е рекордно ниска цена која ја бележи компанијата Western Canadian Select (WCS), најголемиот производител на сирива нафта во земјата.

Бидejќи не се наѕира ниту крај на пандемијата и глобалната парализа на нормалниот живот, ниту пак крај на саудиско-руската војна околу цената на нафтата, на повидок се таканаречени негативни цени.

Тие и денес работат со негативни маргини а ако некој се прашува зошто нивните пумпи и натаму црпат нафта по цена која никако не им одговара, одговорот лежи во цената на затворањето и повторното рестартирање на целата таа машинерија, што е ужасно скап процес.

Што ќе се случува во иднина зависи од проценката на експертите колку ќе трае ваквата пазарна ситуација и кое би било поевтиното решение: да се трпат производни загуби или да се става клуч и да се чекаат подобри времиња.

Извор: Офнет

Претходна статијаФилипче: 26 нови заразени и еден нов починат пациент од Дебар
Следна статијаЈанушев: Груевски е вашата поезија, но со Мицкоски почнува вашата драма, од денес