Познатиот македонски актер и музичар заврши во карантин, па се огласи

0

Македонскиот актер, музичар и пантомимичар Кирил Трајковски-Максим, познат како Марлон Брандо, на својот фејсбук-профил објави дека се враќа од Барселона со уште еден свој другар, и побара од своите фејсбук-следбеници совет како да постапи одговорно поради опасноста од евентуална зараза и ширење на вирусот КОВИД-19.

Со оглед на тоа дека се враќа од земја во која е прогласен висок ризик од зараза, ги праша следбениците дали самиот треба да се пријави или ќе биде пречекан од надлежните.

Здраво на сите. Јас и другар ми сме у Барселона убаво ни е да не не мислите. Утре се враќаме и не интересира дали некој медицински персонал во Македонија ќе не пресретне на аеродромот или да идеме директно у некој центар да не тестираат. И исто ме занима дали воопшто имаат НЕКОЈА МЕТОДА и на кој начин ќе не истестираат со оглед дека има 14 дена инкубација – праша Кирил.

Во меѓувреме е ставен во самоизолација и одлучи да ги информира своите пријатели како ги поминува деновите.

Ова е неговата објава на Фејсбук од првиот ден од самоизолацијата:

Карантин – ден 1. Денес е првиот ден од самоизолација и се осеќам различноч. Вчера вечерта дојдовме во село и нè чуваат на спрат од куќа.

Немам контакт со никој освен со другар ми кој е во другата соба. Сега – засега немам некакви симптоми.

Во исчекување сум да добијам информации за девојката која се враќаше со нас од Барселона и ја задржаа на нашиот аеродром зашто не изгледаше добро…

Секоја чест што си носеше маска на себе во случај да не зарази други лица. Подоцна дознав за кого се работи и знам дека живееше и студираше во Италија.

Ако се потврди дека е позитивна, се надевам ќе нè контактираат и ќе нè носат комплет цел екипаж со се пилотот и стујардесата.

Инаку Кирил Трајковски-Максим е познат како актер и режисер, осбено вклучен во пантомимата.

Остварил улоги во повеќе македонски телевизиски сериски и играни филмови, меѓу кои: „Болка на душата“, „Вистинска љубов“ и филмот „Максим“ каде тој покрај главната улоге е и режисер, сценарист и продуцент. Играл и во документарниот филм „Еднаш на истокот“, реклами како и во театарски претстави, посебно и со изведби на пантомима.

Претходна статијаМНР со совет до Македонците како да се вратат од Малта во нашата држава
Следна статијаВенко Филипче откри колку навистина респиратори има во Македонија