Отец Димитар за Корона вирусот: Причеста не е овошен јогурт па да се дава со пластични лажичиња

0

Статус на отецот Димитар Арсовски

,,По автоматизам во секоја манџа како финален зачин се става и Црквата. Овој пат со барање за да не се одржуваат богослужби и да не се причестуваат верниците поради превентива од вирусот. Тоа е се убаво, покажува грижа и човекољубие, ама малку практично да погледнеме на вирусно-црковниот проблем.

Муабетите околу догмите, учењето и верувањето во „замислено пријателче“ ги тргаме настрана, да видиме во практика како стојат работите:

– Велат се собирале луѓе и тоа е доволна причина за да се „стави катанец“ на црковната порта. Ајде да ја споредиме френквентноста низ храмовите во споредба со кафулињата, кладилниците, казината, фабриките, конфекциите, бензинските… плус тука е пазарен ден, а луѓе колку сакаш и од каде сакаш.

Тоа никој не го спомнува, како тоа да не е собир на процентуално многу поголем број на луѓе, ама Црквата аууууу, врие од вируси, а на Литургиите едвај стотина луѓе кои се таму некаде околу час и половина преку сила(а за споредба еден работен ден трае 8 часа на гореспоменатите), плус посетата од случајни минувачи поради тоа што е работен ден е речиси иста како секој друг ден.

По автоматизам во секоја манџа како финален зачин се става и Црквата. Овој пат со барање за да не се одржуваат…

Публикувахте от Димитар Арсовски в Четвъртък, 12 март 2020 г.

Едноставно е, кој се плаши не мора да доаѓа, присуството на Литургијата е акт на слободна волја, ако сакаш доаѓаш, ако не не доаѓаш, не сечеме уши ние свештениците на тие што не сакаат на богослужба.

– За Светата тајна Причест и да се окозиме од зборување, ако ја прифатиме како Тело и Крв Христови ќе знаеме што треба да се прави и како да се пристапува, а ако ја доживуваме како христијанска измислица и како спој на лепче и винце нормално е дека ќе не фати страв и паника. Несоборлив факт е дека никој не умрел од Причеста, туку напротив има еден куп случаеви на излекување кое го нарекуваат чудо – чудо затоа што не може да се докаже научно како дошло до тоа, а сепак се случило…

– Идејата со на пластични лажички нема да ја коментирам, Причеста не е овошен јогурт!

Како Црква имаме зад нас повеќе од 2.000 годишна практика и искуство, слободно кој сака нека не исмева, научно нека докажува и нека побива, па и нека ги сподели резултаите од експериментот и опитот.

Како што викаат старите: „секое чудо за три дена“, така ќе е и со короната, за година до две ќе биде заменета со некој нов вирус или болест.

Р. Ѕ. Ние пред да почнеме со Литургија во Олтар секогаш ги миеме рацете”

Претходна статијаПо забраната на Трамп за влез на лица од Европа, засегнати се и многу Македонци
Следна статијаМожно е избори да нема и да се свика стариот парламент?