Поради растот на бројот на случаи со Корона од Министерството за здравство излегоа со важно соопшение

0

Од Министерството за здравство денес излегоа со соопштение поврзано со Корвид 19 вирусот во кое се вели следнното:

„Заради растот на бројот на случаи на Ковид19, сакаме да ве информираме дека од денес Министерството за здравство еднаш дневно ќе информира за точните статистики и бројки на заболени лица од Ковид19.

Ќе информираме за состојбата до 12 часот и таа бројка ќе се однесува на претходните 24 часа. Досега ова го правевме два до три пати во денот, но откако имаме локалана трансмисија и почнуваат да се вршат тестирања на повеќе локации, собирањето на точните бројки и статистики бара повеќе време. Ве молиме за разбирање и почитување на овој распоред.

Исто така, заради локалната трансмисија и појава на изолирани случаи настрана од кластери на пациенти кои се во ко-релација во Скопје и Дебар, а веројатно истото ќе се случи и на други локации, нема да бидеме во можност за сите слуачеви да споделуваме информации од епидемиолошката анкета, како што тоа го правевме досега.

Ова практично значи дека нема да можеме секогаш да одговориме или информираме за контактите кои заболените ги имале со други лица или колку дополнително луѓе се тестираат како резултат на контакт со секој од новозаболените. Веруваме дека разбирате за каков обем на информации и процеси се работи и дека тоа практично нема да биде возможно.

Нашата ПР служба е максимално посветена да го одговри секое прашање во најкус можен рок и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина. Сепак, замолуваме за разбирање доколку во одреден момент недоволно брзо одговараме.

Тоа е најчесто така затоа што службите во здравствените институции имаат многу работа и не можат со очекуваната брзина да ни достават точни информации.“, велат од министерството за здравство.

Претходна статијаКинески лекар кој отишол да помогне во Италија: Тие и понатаму си одат на ручеци и вечери
Следна статијаДокторката Катерина од Инфективна клиника во Скопје говореше за состојбата на пациентите