Првиот човек на нашиот главен град, Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов јавно го пофали Министерот за здравство, Венко Филипче за кого имаше само убави зборови:
За Венко: Имам можност лично да го знам тој човек. И среќен сум. Некогаш мислам дека не секогаш бевме (сме) фер кон него.
Замислете се почитувани, да на својот грб ја носите судбина на цела нација. И сите да ве гледаат само вас. Мислите ли дека е лесно ? Мислите ли дека му е лесно ? При тоа да сте свесни (а свесен е) дека на крајот сите во него ќе бараат виновник ?
Ве молам, слушајте го што збори. И почитувајте го тоа што Ви кажува. За да не мора сите да патиме. За да му олесниме. Додека го сакаме.
И нема тука политика. Има животи. Мој, негови, Ваши. На нацијата. Голема почит, друже мој. Издржи. Ќе издржиме. Заради нас. Заради Македонија !!!!
Како што е познато, Венко Филипче информираше дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна.
Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.
Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.
Повеќе информации на прес-конференција во 15:00 часот во Владата на Република Северна Македонија.