Од СЗО пристигна смирувачка вест: Податок кој влева оптимизам

0

Околу 92 процента од заразените со новиот коронавирус во Кина се излекувани и нивниот број во последните недели се зголемува, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јазаревич.

Од 81.000 заболени случаи во Кина, повеќе од 74.000 веќе се испишани од болниците.

Јазаревич нагласи дека согласно препораките на СЗО, пациентот може да биде испишан од болница по два последователни негативни теста, чија временска разлика на тестирањата треба да биде најмалку 24 часа.

Знамињата во Италија на половина копје – солидарност со жртвите и исцрпеното здравство. Рекорден број смртни случаи од Ковид-19 за 24 часа во Шпанија – 849, во земјата е воведен целосен карантин.

Знамињата во Италија денеска се на половина копје во знак на жалост поради жртвите од пандемијата на коронавирус. Ова е знак на солидарност со семејствата на илјадите починати, но и благодарност и солидарност со вработените во целосно преоптоварениот здравствен систем, соопшти денеска претставник на претседателот на земјата.

Италијанскиот комунален сојуз Анчи освен тоа организираше акција на минута молк точно напладне. Италија со преку 100.000 регистрирани инфицирани со коронавирус е на второ место во светот, а според бројот на смртни случаи, е на прво место – досега се 11.500.

Претходна статијаДобра вест од Германија: Корона вирус не се задржува во воздух, ниту на овошје и зеленчук
Следна статијаПочина Драган Павловиќ – бил сопственик на познатиот мотел и засега не е познато дали бил заразен со Корона