Никола Тодоров откри од што се плаши повторно

0

Најголем дел од гласачите се навидум привлечени од црната кампања, ја дискутираат, ги иритира тоа што ќе го слушнат, но најпосле зад параванот, гласаат за оној за кој мислат дека има подобра понуда. Пишува Никола Тодоров

Многу е тешко, драги мои, во ова време невреме, време на изборни битки на живот или смрт, да напишеш колумна или да изразиш став, а притоа да не бидеш жестоко нападнат од лево или десно. Мојата десничарска провиниенција, нормално, ме тера да размислувам десничарски и повеќе да ги вреднувам тие ставови и тој пристап во политиката, економијата и животот.

Но, не секоја десничарска теза или идеја е секогаш прифатлива за мене, од причина што десниот спектар е широк и се протега од суров и рудиментарен национализам до умерен или либерален патриотизам.

Јас себеси се дефинирам како припадник на либералниот конзервативизам односно умерениот патриотизам, па согласно на тоа и тие ставови и политики ми се поблиски и прифатливи. За појаснување, либералниот конзерватизам е конзервативна идеологија со либерални становишта во поглед на економските, социјалните и етичките прашања.

За жал, не можам да кажам дека на нашата политичка сцена често се застапени овие становишта, односно не често гледам вакви ставови или политичари и политики од оваа пролиферација. Некако како се почесто да гледам екстремно десни и националистички ставови и политики, а во последно време гледам и некои екстремно лево ориентирани националисти.

Како се приближуваат изборите очекувам оваа националистичка реторика се повеќе да зајакнува и да се засилува, за сметка на умерениот патриотизам кој се повеќе ќе се третира како предавство, а неговите приврзаници како не-патриоти. Ова е затоа што во ова време-невреме најлесно е да си националист.

Се плашам повторно да не завладее националистичка хистерија, но потоа самиот си констатирам дека е време на избори, па во желбата за што е можно поголем улов на гласови, многу политичари ќе се занесат, па наместо прогресивни становишта и сфаќања на цена повеќе ќе бидат некои фундаментални вредности, кои нормално ќе бидат сериозно предимензионирани во политички цели.

Ќе сакаат да ќарат на емоција, па прашања што воопшто и не треба да бидат ставени на маса и кои воопшто не се дискутабилни ќе бидат (зло)употребувани во изборната еуфорија. Секој ќе тврди дека повеќе ја сака сопствената земја од другиот.

Целата колумна на Никола Тодоров проследете ја на Дојче веле на македонски јазик.

Претходна статијаПознатата авио компанија се огласи: Приземји 150 авиони – познати причините
Следна статијаЈоци: Малиов, мажено на Наталија уште се сили – малку му биле изгледа 6 месеци