Никола Тасев, поранешниот прв човек на Нова Македонија, а сега директор на Тотал тв се огласи на социјалните мрежи по повод последната ситуација:
Лекцијата од времето на Груевски не ја научија во СДСМ!
Колку и да се добри повеќето од мерките што ги соопшти Заев, не личи претседател на политичка партија (па макар и да е владејачка) да мафта со 200 милиони државни пари како помош за граѓаните и стопанството.
Не може претседател на политичка партија да му ја одредува платата на Премиерот, да дава плати на приватни компании, да одредува движење на население… Тоа е работа на Владата и нејзините органи.
Класично изедначување на ПАРТИЈА – ДРЖАВА! Како беше она МВРО – ВМРО?
Соблечете ги чизмите на Грујовата пропаганда, не знаете да ги носете!
Овие мерки требаше да ги објави Владата, а заслугата и така ке одеше на конто на СДСМ, кога веќе немаа доблест да ги прифатат одличните мерки што дојдоа и од ВМРО во деновите што изминаа!