Расте бројката на лица со Ковид: Двајца доктори и две медицински сестри од Дебар на листата

0

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче на денешната редовна прес-конференција најнапред информираше за состојбата на пациентите, кои се лекуваат на Инфективната клиника во Скопје и во Дебар. Тој посочи дека состојбата на сите пациенти е стабилна и непроменета во однос на вчерашниот ден, а стабилна е и состојбата на пациентката, што е на респираторна машина и засега нема знаци на влошување.

Инаку, утрово се тестирани 10 пациенти, позитивни се тестовите на тројцата пациенти коишто се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“. На пресот вчера информацијата беше за двајца, а потоа се јавил уште еден пациент, и денеска во Институтот за јавно здравје се направени контролните тестови со цел да бидат унифицирани и го потврдија нивниот резултат. Денеска, до 12 часот вкупно во земјава има регистрирано 26 заболени пациенти.

„Станува збор за пациенти од Скопје, еден кој имал симптоми една недела, неговите контакти се мапирани и сега се изработуваат тестовите на членовите на семејството на овој пациент. Понатаму, семејство сопружници коишто престојувале во странство и дошле во нашата земја пред неколку дена, вчера член на семејството ги однел материјалите на Клиниката „Жан Митрев“, каде што истите дале позитивни резултати.

Првиот пациент е сместен на Инфективната клиника, сопружниците се се уште на домашно лекување. Тие во текот на денот ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести“ – посочи министерот Филипче.

Тој потсети на пацентката од вчера – патничката која дошла од Холандија и потенцираше дека денеска се веќе во тек контактите и интервјуата со сите сопатници коишто патувале со истиот авион од Виена, кој слетал вечерта меѓу 12-ти и 13-ти во Скопје. За ова е стапено и во контакст со Австриската амбасада и дадени се сите потребни информации

Во меѓувреме, неколку часа подоцна преку својот профил на Фејсбук се огласи доктор Арбен Аголи од Дебар кој напиша:

Për shkak se personeli rezultoi pozitiv prej nesër ordinanca është në karantin 2 javë. Бидејќи персоналот испадна позитивен од утре амбулантата е под карантин 2 недели.

Публикувахте от Arben Agolli в Вторник, 17 март 2020 г.

„Бидејќи персоналот испадна позитивен од утре амбулантата е под карантин 2 недели“.

Ова го потврди Венко Филипче кој кажа дела попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот.

Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31.

Претходна статијаЕкс фудбалерот Панче Ќумбев започнува иницијатива: Ќе донира појадок за сите во велешката болница
Следна статијаД-р Даниловски: Доколку не ги слушаме препораките, за две недели нè чека италијанско сценарио