Не има на сите страни по светот: Македонец стана Министер во Уругвај

0

Ернесто Талви кој е по татко Македонец, а мајка Кубанка, е нов министер за надворешни работи на Уругвај.

Обединетата македонска дијаспора му честита на изборот и порачаа дека се надеваат дека Македонија и Уругвај ќе ги зајакнат билателарните и трговски односи.

-Утрово, ОМД му честиташе на Ернесто Талви, кој е од македонско потекло по татко, што стана министер за надворешни работи на Ориентална Република Уругвај. Министерот Талви има импресивно и долго искуство како политичар и економист. Му посакуваме успешен мандат како министер за надворешни работи и се надеваме дека Уругвај и Македонија ќе ги зајакнат своите билатерални и трговски односи под негово водство.

Како што пишува „Би-Би-Си“, Талви е економист кој се едуцирал во Чикаго, Талви е син на имигранти од Македонија и Куба.

Ја насочи својата кампања за едукација, со цел да создаде 136 јавни средни училишта во лишени населби. Повика на помалку тежок пристап кон програмите за криминал и рехабилитација на затворениците, пишува „Би-Би-Си“ за кандидатот со македонско потекло.

Tаткото на Ернесто, Мануел Талви, има еврејско потекло и е родум Скопје.

Уругвај е независна држава во Јужна Америка која се наоѓа на источната страна на континентот, на источниот брег на реката Уругвај.

Уругвај на запад граничи со Аргентина, на север и исток со Бразил, на југ излегува на реката Рио де ла Плата и нејзината делта, а на југоисток на Атлантскиот Океан. Населението на Уругвај е околу 3.44 милиони луѓе од кои 1.8 милиони живеат во главниот град Монтевидео. Со своите 176,000 километри квадратни, Уругвај е втора најмала суверена држава во Јужна Америка по површина, веднаш зад Суринам.

Претходна статијаОд дедо ми наследив огромно наследство, не можам да ви опишам колку сум разочаран од сите, но и од родителите
Следна статија“До пеколот и назад”: Како го преживеав коронавирусот од почеток до крајот