Во целиот свет владее огромна загриженост поради Корона вирусот кој во Европа стаса на голема врата, а меѓу најпогодените држави освен Италија се Франција, Шпанија и Германија.
До редакцијата на „Галама“ пристигна кратко писмо од еден наш иселеник кој живее и работи во југот на Германија.
„Прочитав неколку реакции на наши иселеници од Италија и Данска на вашиот портал, па сакам да испратам и една моја реакција која се надевам дека ќе биде објавена.
Јас работам во ресторан за брза храна кој се наоѓа во едно од најголемите туристички места во Германија. Овде циркулираат голем број на луѓе, пред се странски туристи. Иако сме изложени на комуникација што се вели лице во лице со огромен број на луѓе, тука буквално нема никаква промена и не се превзема ништо за заштита. Како ништо да не се случило.
Во Германија има над 1500 случа а веќе за жал има починати, но се чини и тука ќе ја направат истата грешка како во Италија. Едноставно не им доаѓа памет, само ги интересира пари, а грижа за персоналот нула.
Гледам што се случува кај нас долу во Македонија и можам да кажам само едно големо браво. Секоја чест за надлежните и министерот Венко Филипче за она што го прави. Немој после да слушнам дека нешто ние сме подолу за овие западно европски држави. Ние за нив сме пример и господа за разлика од овие тука.
Појдувајќи од самиот јас, па и сите други вработени се исплашени и загрижени, работиме под дополнителен стрес и се од ден на ден се зголемува неизвесноста.
Јас, но и мои колеги од Македонија и од другите балкански држави размислуваме да земем одмор и да се вратиме дома, но и ова е ризично сега. Плус има мерки за граѓани кои доаѓаат од држави со висок ризик како што е Германија, па приморани сме да останеме тука.
А.Л ФОТО: Илустрација.
Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.