МВР се огласи до сите граѓани поради лажните наградни игри на социјалните мрежи

0

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) со се огласија со официјално соопштение поради лажни наградни игри на социјалните мрежи, граѓаните да не наседнуваат.

На социјалната мрежа Facebook забележани се групи, кои, претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја, организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните.

Од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи [лична карта, пасош] како и нивните податоци од платежни картички, а со единствена цел искористување на нивните лични податоци за понатамошни криминални активности.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци, а МВР презема активности во склоп на своите надлежности.

Како што е познато, ова не е ваков прв случај и постојано во минатото се провлекуваат вакви или слични обиди за манипулација со корисниците на социјални мрежи за да се дојде до посакуван бенефит.

Претходна статијаАна, докторанд од Македонија при обид од Барселона преку Франкфурт да си дојде дома открива што и се случило
Следна статија(ФОТО) Двата хотели на Орце Камчев веќе се опремени и подготвени веднаш да прифатат лица