Загрижен сум за алармантноста на состојбата со ширењето на заразната пандемија, особено што отсуствува брза и одлучна реакција на надлежните институции во делот на примена на помасовни мерки кои ќе придонесат за намалување на последиците, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во овој момент постои и дилема кај правните експерти за што е поделотворно да се примени. Она што денес сакам да го соопштам е фактот дека иако јас и понатаму сметам дека многу брзо ќе дојдеме во фаза да прогласиме кризна состојба на поедини делови од територијата на Македонија, сепак сметам дека владата доцни со мерките, а кризата ќе се зголемува.
Поради итноста и алармантноста на состојбите на терен, но и неопходноста да се помогне на граѓаните апелирам денес до претседателот Пендаровски да прогласи според Уставот вонредна состојба во Македонија час поскоро. Да не се губи драгоцено време, а поважно од тоа дали е вонредна или кризна состојба е тоа мерките и помошта да стигне до граѓаните. Да не навлегуваме во правните дилеми, туку да навлеземе во решавање на проблемите на граѓаните.
Повторувам, да не навлегуваме во правните дилеми, туку да навлеземе во решавање на проблемите на граѓаните и заштита на нивното здравје и веднаш претседателот Пендаровски да прогласи вонредна состојба. Да не се фокусира владата само на ПР, туку на работа на терен и итно делување.
Престои сериозна здравствена, санитарна и економска криза, кажа на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоки.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред малку на прес-конференција пред партијата побара од претседателот на државата Стево Пендаровски час поскоро да прогласи вонредна состојба за да се спречи ширењето на корона вирусот.
Апелирам до Пендаровски да прогласи вонредна состојба во Македонија што поскоро и да не се губи време. Да не навлегуваме во правните проблеми, туку да навлеземе во решавање на проблемите на граѓаните и заштита на нивното здравје, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Тој и порача на Владата да не се грижи за ПР, туку за здравјето на граѓаните и нагласи дека веднаш по прогласување на вонредната состојба да донесе одлуки за заштита на бизнисот и компниите. Немојте да се натпреватувате кој повеќе прес-конференции ќе одржи туку преземени и усвоте протоколи и мерки.