Статус на Миленко Неделковски:
Досега, во Македонската политика, не доживеавме некој да признае пораз и да се себе си оквалифукува како виновен за истиот.
Ни Црвенковски, ни Георгиевски, ни Бучко, ни Тито Петковски, ни Фрчко, ни Заев, ни Груевски, ни ГогаСорос… А еве сега ниту овие што собираа потписи. Сите виновни – само они не!!!
Досега, во Македонската политика, не доживеавме некој да признае пораз и да се себе си оквалифукува како виновен за…
Публикувахте от Миленко Неделковски в Събота, 7 март 2020 г.
Нема она што може да се очекува од цивилизирани демократи и пристојни луѓе да кажат: “пробавме, не успеавме. Го признаваме поразот. Народот не не’ следеше. На партиите им посакуваме демократски настап, нашите поддржувачи ги повикуваме да гласаат за опција што ќе го сруши Зоран Заев”.
Ама не, криви биле оние што не ги прифатиле нивните понуди.
По тоа се гледа дека во суштина се тоа исти типови на луѓе – медиокритети. Немаат сила да се кренат над своето умислено его и да кажат “пробав, ама не успеав, моја е вината. Не послушав поумни од мене”. И овие се заразени со истиот филипетровски синдром.
Миленко Неделковски е македонски новинар и ТВ-водител. Професионалната кариера ја започнал во 1983 година, како спортски новинар во редакцијата на Радио Телевизија-Скопје. Нешто подоцна се ангажирал како спортски коментатор во директните преноси на Формула 1, мото-спортови, велосипедизам и гимнастика.
Учествувал во подготовка на преносите од Светските првенства во фудбал во 1990 и 1994 година, како и на ЛОИ 1992. Во 1990-тите бил организатор на неколку пријателски натпревари во фудбал од меѓународен карактер, а повремено и пишувал во весниците „Македонски Спорт“ и „Фокус“.
Од 2006 година, започнал со емисијата Late Night Show, која се емитува на Канал 5 телевизија. Паралелно со гостувања на личности од политичкиот живот, Неделковски изработувал и „off-road“ емисии. Во 2008 година, со пресуда на Основниот суд 1, тој бил осуден на двегодишна затворска казна за измама на 22 македонски граѓани, издавајќи им непостоечки американски визи. Подоцна оваа казна му била заменета со условна слобода. На приватен план, Миленко е татко на две деца, кои работат и живеат во САД.