Миле Кузмановски со емотивна исповед: Ќе беше жално да го оставам

0

Познатиот македонски пејач Миле Кузмановски во интервју за „Бекстејџ“ си ја отвори душата за својата сопруга Верче која за жал го напушти овој свет предвреме, за ќерките, но и за втората сопруга Јасмина.

Имено, во 2012 сопругата на Миле Кузмановски по тешко боледување почина од рак, а пејачот остана сам со двете ќерки Јана и Ана.

„Нормално е еден период да те фати онаква криза затоа што некако се тоа го поднесов на нога, тој период го поминував заедно со сопругата Верче и еден период реков дека ќе направам пауза од песната, од мојата работа.

Но, кога ќе сфатиш дека мораш да живееш понатаму, да заработиш и да донесеш дома, а веќе си дошол на едно ниво каде тешко се стасува, а уште потешко се одржува, ќе беше жално да го оставам микрофонот“ вели Кузмановски за Бекстејџ и додава:

„Моите соработници направија песни. Некако продолжив да пеам“ вели пејачот кој песната „Роман“ и албумот „Крал без круна“ ја посвети на неговата прва сопруга.

Меѓутоа, по шест години од заминувањето на првата сопруга, фолк пејачот повторно се ожени и со сегашната сопруга Jасмина ја има двегодишната ќерка Ева. Тој откри со што Јасмина го освоила.

„Со спонтаноста, добрината, разговорот, прифаќањето на Ана и Јана и затоа производ на таа љубов е ќерката Ева која по дома е една играчка за сите и е златно дете, но навистина е едно специфично дете, па кога си нервозен и тажен ќе те омекне како памук. Животот сега доби една друга димензија, се е хаотично, но е интересно“ вели Кузмановски за Бекстејџ.

Фолк легендата откри и како е да се справува со четири жени по дома.

„Ана и Јана веќе се тинејџерки, учат средно училиште на медицина. Тие имаат едни барања, малата има други барања, Јасе има други барања. Мислам дека некако се баланираме“ вели пејачот.

Претходна статијаНикола Димитров проговори зошто во 2014 му кажал НЕ на Груевски
Следна статијаЕдна трансакција на сметката на Катица Јанева предизвика најголемо внимание: Познато од каде и стигнале пари