Меркел и се обрати на нацијата и упати сериозна порака до граѓаните во Германија

0

Ангела Меркел, германската канцеларка изјави дека Германија не се соочила со предизвик како пандемијата со новиот коронавирус од Втората светска војна.

Во синоќешното директно телевизиско обраќање таа рече дека научниците се трудат да развијат вакцина за спречување на инфекцијата.

“Да ви кажам ова е сериозно и сфатете го така. Германија има одличен здравствен систем, но и нашите болници би биле преполнети доколку премногу пациенти би стигнувале за кратко време”, рече Меркел. Во Германија до вчера имаше скоро 12.000 потврдени случаи на коронавирус, од кои починаа 28

Прецизните анализи за тоа колку Германци вчеравечер го следеа обраќањето на канцеларката Ангела Меркел до нацијата поради кризата со коронавирусот допрва ќе стигнат, но веројатно бројот е огромен.

Меркел апелираше до граѓаните да ги ограничат социјалните контакти и да ја сфатат ситуацијата сериозно, зашто таа е навистина сериозна.

Според Меркел, земјата е соочена со најголемиот предизвик од Втората светска војна. Таа ги увери граѓаните дека снабдувањето со прехранбени намирници е обезбедено и дека создавањето залихи е непотребно, бесмислено и не е солидарно.

Иако нејзиното 15 годишно владеење опфати и тешки периоди како финансиската криза, бегалската криза или Брегзит, Меркел никогаш досега не им се обратила на граѓаните преку телевизиските екрани, со исклучок на традиционалните новогодишни обраќања.

На 22 ноември 2005, Меркел ја презела функцијата канцелар на Германија по изборите истата година, кои довеле до создавање на голема коалиција со СПД. Таа била повторно избрана во 2009 со поголемо мнозинство и била во можност да создаде коалиција со ФДП. На изборите во септември 2013 година, партиите ЦДУ/ЦСУ биле прогласени за победници, но им бил потребен коалициски партнер за создавање влада.

Претходна статијаВенко Филипче утрово сподели поволни вести
Следна статијаВо неверување се огласи Дејан од Виница кој синоќа доби 50.000 евра