Македонката Гордана од Шпанија: Открива каква е ситуацијата таму и упати апел до нашите граѓани

0

Шпанија реши да ги стави своите 47 милиони жители во делумна изолација на 15 дена, како мерка против ширењето на кронавирусот, откако стана второ жариште во Европа, по Италија.

Според статистиките од вчера, има 6.023 заразени, а 193 лица починале. Во Шпанија живеат илјадници нашинци. Гордана Крстевска Стојановска е една од многуте која заедно со сопругот и децата живее во Барселона, повеќе од десет години.

Таа е правник, а нејзиниот сопруг е програмер. За ,,Фокус” раскажува дека состојбата станала многу посериозна отколку што било кој претпоставувал, и апелира до нашите граѓани да бидат одговорни и да не дозволат во Македонија да се случи Италија и Шпанија.

-На 14.03.2020 е прогласена вонредна состојба во Шпанија, со тоа што се затвори се, освен аптеки, продавници за храна и продавниците за цигари.

Надвор речиси нема човек, улиците се празни и ограничено е движењето освен за итни потреби.

Маркетите за храна се скоро празни, за среќа ние се обезбедивме на време, инаку сите отвараат во 9:00 часот и за помалку од еден час нема ништо од основните продукти како вода, јајца, брашно.

Пред продавниците за цигари има луѓе, меѓутоа ќе видите и од фотографиите, има доволно растојание помеѓу нив.
Народот овде ја сфати многу сериозно и одговорно состојбата и ги почитува сите мерки на Владата и тоа многу ме радува.

Бројката на заразени во Шпанија моментално е околу 6.300 од кои има 196 мртви, а во Каталуња 715 заразени.

Затоа апелирам до сите Македонци да се придржувате до мерките од Министерството за здравство! Седете дома, мијте раце, не излегувајте доколку не е итно, ако сте надвор, носете ракавици и маски и пред да влезете дома со алхохол прскање на обувките и јакните на тераса, а алиштата право во машина за перење! Задолжително бришење на кваките и дезинфецирање.

Само вака ќе го сопреме ширењето на вирусот и ќе им помогнеме на докторите и целиот медицински персонал кој несебично се жртвува за нашите животи. Не заборавајте дека и тие имаат семејства! Биди дома, биди изолиран! Да не се повтори Италија и Шпанија!!!- порача Стојановска од Бареслона.

Целата сторија проследете ја на Фокус.мк

Претходна статијаБојко Борисов најде начин за екстра мотивација на медицинските лица во Бугарија
Следна статијаНе може секој да направи тест за Корона – Во Швајцарија исто како во Италија почна да се прави селекција