Во земјава нема автохтоно жариште на опасниот корона вирус, односно сите случаи досега се увезени или пренесени од познати заразени, информираат од влада.
Оттаму велат дека лекот сумамед ќе биде повлечен од слободна продажба и отсега ќе се издава на товар на Фондот за здравство, односно само на рецепт со оглед на тоа што се купувал во огромни количини, дури и по десет кутии.
Лекот против маларија – кинин, пак, македонските власти успеале да го набават во доволни количини, со кои може да се третираат близу 10.000 пациенти.
На социјалните мрежи по пово ова прашање, поточно Сумамед се огласи докторот Ненад Лазаров:
Недозволиво е да препишувате Azithromycin под притисок на пациенти, ниту приватно.
Добивам инфо од колеги дека веќе се потрошени огромен број количини по аптеки, престанете веднаш, ќе немаме за секојдневна работа и за оние кои навистина и најмногу им треба!
Аптеки, криминал е да продадете антибиотик без лекарски рецепт! Сумамед и сл. не е превенција од COVID-19!!!