Конечно ден со добри вести од Италија кои влеваат надеж

0

Ломбардија, која најмногу е погодена со епидемијата на новиот коронавирус денеска почна да покажува први знаци на евентуално намалување на заразата, изјави Атилио Фонтана, гувернер на таа италијанска северна провинција.

Во регионот, каде се наоѓа и финансискиот центар Милано, досега починаа 1.218 луѓе, а само ноќта помеѓу саботата и неделата регистрирани се 252 смртни случаи.

Фонтана и покрај големиот број на смртни случаи наведе дека има причина за оптимизам, бидејќи новите случаи на зараза почнале да се покажуваат побавно.

Се уште не сум ја видел официјалната статистика, но можеме да видиме мали чекори напред. Порастот на нови случаи не е толку голем како пред два, три дена. Се надеваме дека ова е почеток на пресвртот, посочи Фонтана, додавајќи дека промената ќе биде забележана во следните неколку денови.

Од друга страна италијанскиот премиер Џузепе Конте во интервју за „Кориере дела Сера“ изјави дека епидемијата се влошува ширум Италија и оти научниците тврдат дека епидемијата се уште не го достигнала врвот.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте предупреди дека неговата земја влегува во „најризичната недела“ и повика на координиран европски одговор на пандемијата на коронавирусот.

„Потребна е европска координација во однос на здравствените и економските мерки“, изјави Конте за весникот „Кориере дела Сера“ пред планираната видео-конференција помеѓу водачите на Г-7.

„Време е за смели избори и Италија може да даде значаен придонес, бидејќи таа беше првата земја во Европа што има искуство во ширењето на вирусот“, рече тој.

Италија беше првата земја членка на ЕУ што ги затвори училиштата и скоро сите бизниси во обид да ја забави глобалната пандемија што предизвика смрт на 1809 луѓе минатиот месец. Повеќе од половина од смртните случаи предизвикани од КОВИД-19 надвор од Кина се регистрирани во Италија.

Претходна статијаШто ако седев дома два дена кога утрово одам на работа кај што има 400 луѓе
Следна статијаНеповолнa вест за Македонците кои чекаат за германска виза