Иран и Јордан можат да бидат спас за македонското јагне. Оваа варијанта се наметнува како резултата на напорите да се најде пазар за откуп на јагнињата, откако пандемијата ги затвори традиционалните пазари, главно италијанскиот:
Во моментов извозот во Италија се одвива забавено, поради проблемот што го имавме со транспортот.
Во постојна комуникација сме со откупувачите, и освен традиционалните пазари како Италија, Хрватска, Грција, се бараат и други алтернативни пазари за извоз на јагнето„ изјави Димковски
Времето не е на страната ниту на сточарите ниту на јагнињата. Со секој поминат ден, тие губат на атрактивност зашто јагнињата станувата овци.
Токму и поради ова, од Министерството најавувата и друг вид на помош за сточарите:
МЗШВ ќе ја следи состојбата, и секако доколку има потреба, со соодветни мерки ќе им помогне на сточарите да ги покријат загубите, коишто ќе бидат донесени заеднички и во комуникација со сточарите и откупувачите на јагне“ изјави Трајан Димковски, министер за земјоделство“ изјави Трајан Димковски, министер за земјоделство.
Од друга страна, цената на откуп драстично паѓа. Минаонеделните 150 денари за килограм, сега се спуштија на 120, а јагнињата и понатаму стојат во трлата.
Целата сторија проследете ја на ТВ Стар