Поранешниот министер за земјоделство и актуелен генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски и неговата избраничка Андријана денес прават голема свадбена веселба во хотел во Скопје.
Екс министерот утрово објави селфи фотографија со избраничката, а пред неполн час, неговиот колега и сопартиец, Кирил Колемишовски објави фотографија од свадбата каде што можат да се видат како се веселат дел од членовите на СДСМ.
Инаку, Љупчо и Андријана се долги години во врска, а венчавката ја направија лани. Голем дел сопартијци синоќа беа на свадбената церемонија на Љупчо и Андријана Николовски.
Екс премиерот Зоран Заев и неговата сопруга се меѓу присутните гости кои на генералниот секретар на СДСМ му дојдоа на свадба.
Среќен брак на Љупчо и Андријана ❤
Публикувахте от Ленче Николовска в Събота, 7 март 2020 г.
Во овие убави мигови со Николовски, се и Кирил Колемишевски актуелен претседател на Комисијата за економија на СДСМ и заменик министер за економија ,поранешната советничка во Владата Ленче Николовска, како и Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа.
арот минатата година во октомври се венчаше во интимна атмосфера во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Тогаш, Николовски ни изјави дека се решиле за интимна атмосфера со најблиските, односно со другари од детството и со блиските роднини да направат венчавка во нивното родно место, а подготовките за свадбата биле во тек.
Тој ја запроси Андријана лани, кон крајот на месец јули во словенечкото гратче Порторож покрај брегот на Јадранско Море, чие име во превод значи пристаниште на розите. Се знаеле цел живот, бидејќи и двајцата се по потекло од ист град, и долги години биле заедно.
Освен што е голем хуманитарец, Николовски е и доста скромен човек кој не сака јавно да ги експонира своите хумани гестови. Информацијата до која дојде „Фокус“ дека свадбените подароци ќе имаат хумана намена само кратко ни ја потврди.