(ФОТО) Среде кино во Пробиштип изградил тоалет и кујна за својот објект: Сега не сака да ги сруши

0

Дивоградба среде киното во Пробиштип. Некои си изградил целосно функционални тоалет и кујна за потребите на угостителски објект кој се наоѓа во непосредна близина и од просторот на кино салата узурпирала околу 10-тина метри квадратни.

Целата дрскост излегна на површина, откако општината започна со реновирање на кино салата:

„На самата бина кај гардеробите кој што ги има кино салата станува збор за еден објект кој што во октомври месец во подготвителениот период нашите служби го увиде тоа и направи записник и се постапи според законскиот рок“ изјави Драган Анастасов, градоначалник на о. Пробиштип

Откако сопственикот на дивоизграденото и покрај известувањето на општината нелегалниот објект, не го отстранил, тоа немасто него веројатно ќе го стори Општината, но освен сметка, на него ќе му поднесе и кривична пријава:

„Сакам да известам дека ќе поднесеме кривична пријава до јавното обвинителство и до одделението за организиран криминал.Она што требаше да го направи о.Пробиштип го направи“ изјави Драган Анастасов, градоначалник на о. Пробиштип

Повеќе од пет години, кино салата во Пробиштип стоеше заклучена, па дилемата е дали причината затоа, можеби не била и сега пронајдената дивоградба:

„Нормално дека остава сомнеж дали на некој ова му било личен интерес отколку јавниот интерес.Можам да кажам дека на самата граница е функционалноста на самата кино сала бидејки наоколу има паб, казино, партиски простории.За тоа ќе оставам јавноста да го осуди“ изјави Драган Анастасов, градоначалник на о. Пробиштип

Целата сторија со видео прилог проседете ја на ТВ стар.

Претходна статијаСите знаеме дека оваа е Тодорова Сабота – но еве кое е значењето на овој ден и што се прави
Следна статијаНови случаи на Корона во Македонија – Познато кај колку лица и од кој град доаѓаат истите