(ФОТО) Познато што правеше Меркел додека во Германија има 20.000 лица со Корона

0

Германската канцеларка Ангела Mеркел вчера е забележана како ги купува потребните производи од супермаркет во Берлин. По пазарањето на продуктите кои ќе и требаат за текот на викендот ги платила со картичка, пренесува РТЛ.

Во Германија вчера дојде до драматичен раст на бројот на инфицирани со коронавирус, доближувајќи се до 20.000.

Според ноќешните податоци на Министерството за здравство во земјата во моментов има 19.848 лица позитивни на тестот за коронавирусот. Уште во текот на вчерашното попладне бројот на инфицираните беше околу 17.500.

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 290.897 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 11.949, а оздравеле 93.618 лица.

Претходна статијаВучиќ и се обрати на нацијата: Не ме терајте да воведеме полициски час 24 часа дневно
Следна статијаИталија ваква сабота не памети во историјата – бројот на починати во еден ден достигна 800