На Зоран Заев како претседател на Владата на РСМ на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „фолксваген пасат лимузина“ произведено во 2018 година и со моторна зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година.
Според измените на Законот за Влада направени во 2016, претседателот на СДСМ има право да го користи овој автомобил дури и доколку не биде повторно премиер, односно во вкупно траење од две и пол години, колку што до сега бил шеф на Владата.
„Заев синоќа иако не е премиер, повторно ги злоупотреби државните ресурси и на дуелот се појави со државно обезбедување, возила и советници кои не му следуваат како претседател на СДСМ и за кои не постои никаква основа да ги користи“, гласеше коментарот на опозициското ВМРО-ДПМНЕ по ТВ-дуелот помеѓу лидерот на СДСМ и претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во петокот.
Сепак, ваква „привилегија“ Службата за општи и заеднички работи на Владата им овозможила и на претходните премиери – Никола Груевски и Емил Димитриев со измените на Законот за Влада во 2016.
Од тогаш на претседателот на Владата на кој му престанала функцијата, покрај правото да користи владино возило и службен возач онолку време колку што бил претходно премиер, има право и на лично обезбедување од шест лица вработени во МВР. по свој избор.
Претходната Влада на седницата одржана на 31 мај 2017 пред самото нејзино заминување на Груевски му додели фолксваген пасат 3ц произведен во 2015 година. Новата Влада на 19 октомври 2017 година му додели на Димитриев исто така службено возило марка пасат од 2015-та.
Рокот за користење кај Груевски е околу десетина години, коку што претходно беше на чело на „Илинденска“, додека времето на Димитриев е една година, односно колку што е минимално пропишаното. На оваа привилегија право ќе има и Оливер Спасовски, актуелниот технички премиер.
Целата сторија проследете ја на Фактор.мк