(ФОТО) Објавено како и од кој излез побегнале двајцата пациенти од болницата во Штип

0

Триесет и шест годишниот виничанец кој вчера попладне со возило на итната медицинска помош и во придружба наинфектолог беше донесен на инфективното одделение во штипска клиничка со позитивна епидемиолошка анкета е негативен на ковид -19.

На инфективното одделение биле сместени во соба на првиот кат каде што има посебен влез и излез. Несрпилив да ги почека резултатите од испитувањето, тој и неговата партнерка од Хрватска со која заедно допатувал од северниот дел на Италија, го извадил горниот дел од вратата и самоволно ја напуштиле болницата.

-Си заминал пациентот. Вратен е после откако станал свесен веројатно за постапката што ја има направено, зашто најнапред требало да се грижи за своето здравје, а потоа и за здравјето на сите околу него. Меѓутоа, резултатот е негативен, пациентот нема корона вирус, изјави Ален Георгиев, директот на Клиничка болница Штип.

По препорака на санитарниуот и здравствен инспекторат е пуштен од болница, но ќе остане на домашно лекување. Други пациенти на инфективното одделние нема.

-Во овој момент немаме сместени пациенти во карантинот. Истото лице за кое се земени анализи веќе беше сместено на одделение во посебна изолациона соба, а долу карантинот е празен, изјави Дијана Шишкова., началник на инфективно одделение – штипска клиничка болница.

Од вчера попладне карантинот е под полициска заштита. Обезбедени се скафандери и друга заштитна опрема за инфектолозите и медицинскиот персонал на инфективното одделение.

Тој истакна дека на Инфективното одделение со возило на Итната медицинска помош во придружба на епидемиолог од Виница пристигнале виничанецот и неговата партнерка, кој претходно се пожалил на покачена температура. На инфективното одделение биле сместени во соба на првиот кат на Инфективното одделение, каде што има посебен влез и излез.

-Околу 14 и 30 часот земени му се резултатити за испитување има позитивна епидемиолошка анкета бил во Северниот дел на Италија и додека се чекаат резултатите од земените материјали пациентот заедно со неговата партнерка своеволно го напуштил Инфективното одделение, вели Ѓеорѓијев.

Додека биле сместени во болничката соба на долниот кат на Инфективното одделение, 36-годишниот виничанец успеал да го извади горниот дел од вратата и оттаму побегнале со неговата партнерка. Ѓеорѓијев вели дека се пронајдени во домот на виничанецот, а по неколку часа се вратени на Инфективното одделение во придружба на полицијата.

Двајцата се сместени во изолациска соба на вториот кат од Инфективното одделение, а за неколку часа ќе ја напуштат по препорака на државниот санитарен инспектор. Пациентот вчера агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал, додека се чекало да пристигнат резултатите.

-Во секој случај незадоволен од ситуацијата, така се случило си заминал, вратен е и веројатно е тој свесен за постпката која ја направил, бидејќи треба да се грижиш за сопственото здравје, но и за здравјето на сите околу него и какошто реков резултатот е негативен на корона вирус, посочи Ѓеорѓијев.

Апелира граѓаните да не шпеклуираат за настанот и да не се крева паника на социјалните мрежи. Инфективното одделение денсека е обезбедено од страна на полицијата.

Претходна статијаНенад Рафајловски: Нешто околу политикава ми се мота во глава и сакам да споделам со сите двајца кои ќе прочитате
Следна статијаАтиџе сподели уште една тајна: Откри што треба да јадат децата за да бидат здрави