(ФОТО) Медицински техничар од Центар Жупа се огласи и испрати јасна порака

0

Полициски безбедносен обрач околу Дебар и Центар Жупа. Забранет влез и излез од општината со поставени барикади на неколку патни правци. Ограничено движењето и до поставените полициски пунктови. На терен мерките за изолација на двете кризни подрачја со најмногу заболени од коронавирус се спроведуваат интензивно.

Сликата од терен покажува дека на сите влезови во градот се поставени полициски пунктови и барикади кои ги обезбедуваат полициски службеници и припадници на Единицата за брзо распоредување. Не се пропуштаат граѓани ниту за влез ниту за излез од градот.

Безбедносните мерки се на највисоко ниво. На нашата екипа утринава кој стигна до правата барикада и беше дозволено известување од поставениот полициски пункт на патот Струга – Дебар исклучиво на оддалеченост од 100 метри.

Таа прва барикада на правецот Струга – Дебар е оддалечена од градот за некои 20-тина км. Преку неа во Дебар и Центар Жупа можат да поминат само лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба и тоа со возило на брза помош и со дозвола од Министерството за здравство, но и да влезат лица кои кои се жители на овие две општина додека излезот е забранет за сите појаснуваат од МВР. На ист начин функционираат и се обезбедени и останатите влезови кон двете кризни подрачја.

Рамазан Бајрами, единствениот Ром кој работи како медицински техничар во Центар Жупа, испрати фотографија и порака до неговите колеги и граѓаните од оваа општина кои се во карантин.

Тој напиша дека дежура и дека ќе работи до крај за ова село , работи веќе седум години и сака да им помогне на жителите од Центар Жупа. Тој апелира до Центар Жупа со слоганот

,,Jас сум на работа, вие седите дома”.

31 жител на Дебар се во домашна изолација, а 13 во општината Центар Жупа. Секој влез и излез од овие две места е контролиран од страна на полицијата. Болницата е на готовс, уверуваат општинските власти. Во Дебар, како што вели, Или Мирзо од Кризниот штаб, сопствениците ги затворија нивните кафетерии и ресторани.

Маркетите постојано ќе се снабдуваат со храна, па затоа Мирзо повикува да не се шири паника дека ќе снема храна за време на 30-дневната изолација на општината.

Претходна статијаЕлизабета го победи Корона: Сакам на луѓето да им ги објаснам симптомите и што да очекуваат
Следна статијаНаш доктор од Бугарија до своите колеги од Македонија пренесе препораки за терапијата за Корона