(ФОТО) Хероите од Инфективна клиника во Скопје објавија фотографија и упатиja порака

0

Прв случај на Корона вирус е потврден во полошкиот регион. Се работи за 45 годишна жена од Гостивар која пред десетина дена е вратена од Германија.

Таа немала симптоми на вирусот, но се јавила на инфективното одделение во гостиварската болница, затоа што лице од странска држава со кое била во контакт имало Ковид 19. Докторот кој ја прегледал вели дека денеска од Скопје ги добил позитивните резултати за гостиварската пациентка.

Пациентката е изолирана и е сместена на инфективното одделение во Гостивар. Лекарите велат дека нејзината состојба е стабилна, а во случај на потреба ќе се транспортира на инфективната клиника во Скопје.

Направена е епидемиолошка анкета и ќе се преземат соодветни мерки за лицата коишто биле во контакт со заболената, односно лицата ќе бидат изолирана.

Директорот на госитварската болнциа Јакуп Јакупи, вели дека како установа ги презеле сите мерки за справување со состојбата. Засега заштитна медицинска опрема има, но истата поради вонредните услови многу се троши.

Вработените во лабораторијата на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, предводени од примариус доктор Весна Семенакова-Цветковска порачаа дека се тука 24/7 за лабораториска дијагностика на сите болни од Ковид-19 и нивно што побрзо закрепнување.

Со одлуките кои се донесени на последната владина седница, наложени се повеќе дејствија.

Министерството за здравство треба да стапи во контакт со приватните клиники за да ги ослободат приватните болници со капацитети за потребите на министерството за здравство во спроведувањето со Ковид 19.

Ова ќе се прави со договор за соработка, меморандум и ќе треба дополнително да се утврдуваат начинот, условите и кретирумите и обврските на двете страни. Ова произлегува од синоќешната владина седница по прогласувањето вонредна состојба во земјава.

Претходна статијаВработена во аптека во Струмица: Дечки, постојат и вакви луѓе (ФОТО)
Следна статијаКорона се шири во Македонија, по Скопје и Дебар се појави во уште два наши града