(ФОТО) Граѓаните си најдоа алтернатива – сега имаат нови собиралишта

0

Откако Владата донесе мерки со кои ги затвори сите кафетерии, ресторани, молови, бензинските пумпи останаа како собиралиште за граѓаните. Во голем дел од бензнските се прави и кафе, па така неколку граѓани реагираа на социјалните мрежи дека било зголемено присуство на луѓе на бензинските пумпи.

Статус на Јорго Огненовски: Несовесноста може скапо да нѐ чини!

И покрај препораките на Министерството за здравство на Македонија, и покрај реалниот ризик од корона вирусот, македонските граѓани се непомирливи практикувачи на собири за заедничко кафе.

Не ги премислува ниту затворањето на кафеаните и кафулињата. Тие се креативни, па ги користат кафетериите на бензинските пумпи како места за вечерно дружење. На тој начин, не се изложени на ризикот од корона вирусот само уживателите на кафе и муабет, туку и вработените на бензинските пумпи.

Како обични граѓани загрижени за сопственото и за здравјето на македонските граѓани, но и како членови на одговорен политички субјект, укажуваме дека и полицијата треба активно да помага во доследно спроведување на мерките и препораките на Министерството за здравство.

Со редовни посети на бензинските пумпи кои имаат кафулиња и укажување дека во кафулињата не смее да се седи и да се групираат, Полицијата ќе го намали ризикот од ширење на корона вирусот меѓу македонските граѓани.

Воедно треба да ги опомене или казни прекршителите на мерките и препораките на Министерството за здравство донесени во интерес на зачувување на здравјето на сите граѓани на Македонија.

Како ДЕМОКРАТИ сметаме дека сѐ додека не се воведат поригорозни мерки за граѓаните од страна на Владата, битката со ширењето на корона вирусот ќе биде помалку успешна од очекуваното или потребното.

Несовесноста може скапо да нѐ чини!И покрај препораките на Министерството за здравство на Македонија, и покрај…

Публикувахте от Jorgo Ognenovski в Неделя, 15 март 2020 г.

Вечерва, во 22.10 часот, на бензинската пумпа на Макпетрол во Карпош 3-Скопје глетката беше поразителна. Неодговорното однесување на некои граѓани е несфатливо, но исто така е несфатливо и однесувањето на раководството на Макпетрол кое треба да се ангажира во заштита на здравјето на своите вработени.

Фотографиите направени пред половина час покажуваат дека македонските граѓани се крајно несериозни кон своето и туѓото здравје, што е за секоја осуда.

Претходна статијаПадна првото апсење откако куќната изолација ја заменил со кафана
Следна статијаВенко Филипче утрово сподели убава вест