(ФОТО) Доктор Ненад сподели фотографија и порача: Со вакво однесување за 2 недели ќе бидеме бетер од Италија

0

Kомисијата за заразни болести бара целосно да се забранат свадби, крштевки, семинари, кафаните и кафулињата да работат само до 18 часот, да се затворат игротеките, спортските сали, теретаните, кината и театрите.

Луѓето повеќе да внимаваат на високата хигиена, младите да не се собираат во големи групи и повеќе време да поминуваат дома. Комисијата бара вакви ригорозни марки од страв дека корона вирусот може драстично да се прошири и бројот на заболени да се дигне до небо.

„Разговаравме вчера со колеги од Италија и ни беше посочено дека во северниот дел ширењето на вирусот престанало со воведување на најригорозните мерки, што ни укажува дека треба да бидеме порадикални“ – изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Кафаните и кафулињата ќе работат до шест попладне со преполовен капацитет, но ќе мора масите да ги поместат на растојание до 2 метри. Мерката важи и за обложувалниците и казината. Се разговарало и со МПЦ и ИВЗ и они да ги скратат своите активности каде би се собирале верниците.

Докторот Ненад Лазаров од Асоцијаци на млади лекари во периодов е доста активен на социјалните мрежи по повод ситуацијата со Корона вирусот.

Со вакво однесување за 2 недели ќе бидеме бетер од Италија!Марш дома сите, дали сте нормални?

Публикувахте от Nenad Lazarov в Четвъртък, 12 март 2020 г.

„Со вакво однесување за 2 недели ќе бидеме бетер од Италија! Марш дома сите, дали сте нормални?“

Ја треба да прегледувам цел поручек пациенти незаштитен, дете, жена, фамилија и сите што ги сакам на ризик да изложувам…

Публикувахте от Nenad Lazarov в Четвъртък, 12 март 2020 г.

„Ја треба да прегледувам цел поручек пациенти незаштитен, дете, жена, фамилија и сите што ги сакам на ризик да изложувам за вие фредо капучино да си цепате по кафичи? Седете дома, срам да ви е, какво непочитување за сите шо се жртвуваат и тек ќе се жртвуваат“.

Претходна статијаМожно е избори да нема и да се свика стариот парламент?
Следна статија(ВИДЕО) Цеца се поднови со нов автомобил – а од цената колку чини ќе ви се сврти во глава