Филипче со најава за тоа кога очекува да биде пикот на Корона во Македонија

0

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва соопшти дека искрено верува оти ќе има позитивно сценарио во однос на коронавирусот во нашата држава.

– Искрено верувам. Тоа е впрочем и целта на сите овие мерки – намалување на социјалните контакти и комуникацијата со луѓето, ограничувањето во движењето, тоа се со цел да се намали комуникацијата е нешто за што веќе во светот има позитивни примери, односно дека само тие мерки доведуваат до тоа да бројот на зболени се намали.

Во одредени региони на Италија, во регионот на Вухан. Токму после воведување на вакви радикални мерки веќе има денови кога нема нови пациенти. Така што искрено се надевам дека сето ова ќе даде резултат, рече Филипче.

Имаме претпоставки дека пикот на заразата со коронавирусот ќе се случи за еден месец, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

– Се надевам дека ќе успееме да го намалиме бројот на пациенти. Пикот на заразата може да биде за еден месец – истакна Филипче.

Ако има потреба пензионирани лекари инфектолози, но и други обучени за работа со пациенти на интензивна нега ќе бидат повикани да помогнат во надминување на состојбите со коронавирусот, рече Филипче, на вечерашната прес конференција.

Претходна статијаСашо Тасевски распали по СДСМ: Абе копуци, како ќе платиме струја и парно со 14500?
Следна статијаПијте топла вода, не дишете 10 секунди – сето ова се глупости, немојте да верувате на сè што ќе прочитате