Откако Венчо Филипче во своето прво денешно излагање пред медиуми откри дека во Македонија веке е регистриран прв смртен случај од коронавирус, сега даде и објаснување како била третирана.
„Овие информации се од болницата во Куманово. Прв преглед на 16 март со температура, веднаш и поставиле прашања за анкета. Дадена е терапија и пуштена е на домашно лекување. Следниот ден дошле со синот со покачени температури. Притоа негирале контакт со лице од странство или патување во странство. На 19 март со нешто потежок наод на белите дробови констатирано е пневмнови.
Тогаш се тестираат за корона и на 19 и 20 се направени во два наврати анализи на материјалот. На 20 ти се повторува тестот на мајката и тој повторен тест е негативен. На 21 се влошува состојбата и се направени обиди за ренамица, но за жал неуспешно. Потоа земен е уште еден пример за тес ко е позитивен.
По констатираната смрт веднаш започнат е процес на епидемиолошка анкета со сите медицински лица кои претходно неколку недели имале контакт со починатата пациентка, позитивна на коронавирус.
Пациентката која починала денеска, претходно два пати била тестирана на коронавирус, но и двата тестови биле негативни. Синоќа нејзината состојба се влошила по што починала, по тоа земен е брис за нов тест, кој бил позитивен.
Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес конференција информираше дека се врши епидемиолошка анкета по што ќе се одлучи како ќе се постапи со медицинскиот персонал.