Филипче е неуморлив: Министерот се огласи на полноќ

0

Венко Филипче, првиот човек на македонското здравство овие денови е неуморлив и постојано благовремено ја информира јавноста за сите промени и новости поврзани за Корона вирусот.

Па така Министерот за здравство по пат на својот профил на „Фејсбук“ се огласи на полноќ со најновите информации:

Министерството за здравство информира дека попладнево на коронавирус се тестирани 4-те лица од Струмица – поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот.

Претпладнево беа тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати беа негативни на коронавирустот.

Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот.

Попладнево на коронавирус беа тестирани уште 7 лица со индикации и нивните тестови се негативни.

Во моментов на Клиниката за инфективни болести фебрилни состојби се хоспитализирани 9 пациенти, од кои 8 се позитивни на вирусот, а по вториот контролен тест, првозаболената е негативна на вирусот, што значи дека таа не е повеќе инфективна, но останува на болничко лекување до нејзиното целосно закрепнување

Претходно Филипче сподели:

Заедно со министерот Никола Димитров – одржавме брифинг со дипломатскиот кор на кој информиравме за состојбата со коронавирусот, како и за начините на кои се справуваме со вирусот и капацитетите за здравствениот систем во земјата.

Благодарен сум за поддршката која ни ја упатија, постапуваме согласно препораките на Светската здравствена организација. Воведуваме нови мерки за заштита од коронавирусот и правиме се за да го заштитиме здравјето на граѓаните и да превенираме понатамошно ширење на вирусот. Продолжуваме со континуирано информирање и едуцирање на јавноста за заштита од КОВИД-19.

Претходна статијаВечерва агенција одбива да ги врати парите на патниците и ги убедува да тргнат на пат преку границите
Следна статијаКорона вирусот ги напаѓа и младите, но за старите е ризичен – еве зошто е тоа така