Две држави членик на ЕУ за нашите матуранти со понуди што не се одбиваат – им нудат бесплатно студирање и пари на рака

0

До 18 март во Словенија трае рокот за пријавување студенти за новата студиска година од септември . На Словенечките универзитети оваа година ке можат да се запишат 2 271 странски студент што е за пеесеттина повеке од лани.

Ова наизглед мало зголемување само потврдува дека педантните и студиозни Словенци никако не отстапуваат од нивната долгорочна универзитетска но и национална стратегија која пред се за цел има привлекување на млади и талентирани кои по студирањето , на работа би останале таму.

„Овде е прекрасно. Словенија нуди одлични уалови за студирање и се е организирано без да бидеме оптеретени. Студентите од бившите YU републики пќаќаар само 35 евра првата година, а потоа се е бесплатно.

Студентските домови се движат од 150-200 евра, а приватното сместување е од 200-500 евра“, кажа за ТВ Стар штипски студент на Факултетот за во Словенија.

Нешто слично, или уште подобро на сегашните и идни студенти им се нуди и на државните универзитети во Бугарија. Освен бесплатно студирање, отсега студентите од овие краеви таму ќе добиваат и по 100 евра месечно за трошоци:

„Не плаќаме ништо ниту за уписи на година, ниту за испити или за семинарски трудови. Од наредната година целосно се укинува и плаќањето за упис на факултет“, изјави студент од Софија.

Од друга страна, еве што нашите државни универзитети им нудат на своите студенти.

„Jaс плаќам по 150 евра семестар, плус ќирија секој месец околу 150 евра, дополнителни трошоци имаме и за секој испит исто така се плаќа„ изјави анкетиран студент

Од овие причини бројот на студентите на УГД Штип опага а статистиката го кажува следното:

Во 2016 година на УГД се запишале 2.300 студенти; 2017 –та нивниот број бил 2.000; 2018 – 1.800, а лени Штипскиот универзитет запиша 1.500 бруцоши. Сето ова доволно кажува во кој правец ни оди работата и зошто иселувањето во државата е блиску до проблем број еден и кој сите сакааат да го релативизираат. Во мегувреме, другите го гледааат во очи и на проблемот работат многу сериозно.

Извор: Тв Стар

Претходна статијаЧеличниот Путин знае да биде и нежен маж – еве како го честиташе 8 Март (ВИДЕО)
Следна статијаАнастасија Деа Богдановска: Денес не е ден на мајките – грешат сите кои мислат така