Докторот Илија порача: Ние ја почнавме битката и ќе ве чуваме колку ќе можеме

Статус на докторот невролог Илија Здравков:

Здраво ! Денес е сабота.Ова е прво мое дежурство во вонредната состојба. Од денес па натаму ќе дежурам на секоја трета вечер.

Ноќеска доцна легнав бидејќи ги препрочитував најновите препораки за справување со CORONA/COVID 19 кај пациенти во неврологијата.

Утрово ја спремав работната опрема, се пребројував и ја дезинфицирав цивилната облека која ќе ја носам овој период.
Излегов со маска и ракавици.

Надвор покажува дека има околу 22 степ. Целз., а јас носам медицинска капа, пластични наочари, маска, униформа, високи чорапи и дополнително зелена престилка.

А ВИЕ денес ? Наводно сметот го фрлате. По кратки маичиња, очила за сонце, фармерчиња, патичиња…заминувате на свеж воздух. “Пошо онакааа, не можам појке да издржам” А и бебињата треба сонце да ги фати. Не за друго, Д витамин по булрварите да создадат.

“Пошо дома не се седи, лошо е брааат, ти мава на психа ” Да така седејќи дома од економисти, земјоделци, архитекти…станавте и ПСИХОЛОЗИ “пошо така пишуе на нет брааат ”

Убаво да поминете. Искористете го сонцето до крај. Од утре ќе врне. Ние ја почнавме битката и ќе ве чуваме колку ќе можеме.