На 70 се искачи бројката на заболени со корона вирусот во Македонија.Сите случаи потекнуваат од Дебар, Скопје, Гостивар, Штип и Охрид, а се на просечна возраст од 40 години. Утринава беше соопштено за 17 нови пациенти до 10 часот, но во меѓувреме беа направени и нови тестови.
Министерот Венко Филипче информира дека лабораторијата од Институтот и приватната од „Жан Митрев“ се спојуваат, бидејќи практиката покажала дека и таму тестовите се веродостојни. Најави и отворање два пункта, во Чаир и Јане Сандански, каде од понеделник ќе може сомнителните лица да се тестираат.
Сите пациенти се лекуваат симптоматски и со антибиотици, додаде Филипче, но не ја отфрли можноста да се користат и лекови против маларија, доколку нивната ефикасност ја потврди Фармацевтскиот факултет.
Тој нагласи дека двајца од заболените заздравуваат, а на пациентката приклучена на респираторна машина состојбата и е критична. Министерот истакна и дека најавената набавка на нови машини од Бразил, за потребите на јавното здравство ќе се пролонгира.
Директорите на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје проф.др. Виктор Исјановски и дипл. екк. Бесим Кока, се откажуваат од платата за март, информираат од оваа здравствена институција.
Средствата, како што појаснуваат ќе бидат пренаменети за потребите на Службата за Итна медицинска помош која во овој кризен момент е прва линија за помош на сите наши корисници на здравствени услуги.