Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров се обрати на прес-конференција која беше пред се за нашите граѓани ширум светот.
„Околу 2300 наши луѓе во Светот, пред се во Европа имаат желба да се вратат во нашата држава. Оваа бројка може да варира сооглед на тоа што пријавувањето е во тек и истото може да се направи најдоцна до недела во 18 часот.
Ќе има организирани хуманитарни летови што секако е скапа работа. Пред се првите летови ќе почнат од државите каде што има концентрација на повеќе Македонци.
Истите по доаѓање во Македонија ќе мора најмалку 15 дена во државен карантин кој ќе биде на државна сметка. Ние ќе направеме се што е во наша моќ условите да бидат добри, дезинфекција, чистењ, храна. Ќе бидат еден до двајца во соба. Сега за сега не знам точно каде ќе биде. Има хотели приватни, државата има и свои капацитети.
Ние вчера со МВР и АРМ донесовме одлука да направат оперативни планови за ограничување на движењето за да се спречи ширењето на вирусот. Денес ќе имаме седница на Владата.
Во договор со Црна Гора, имавме обид да ги донесеме заедно граѓаните од Истанбул, со државниот лет од Црна Гора. Штом ги информиравме дека ќе бидат во државен карантин, никој не сакаше да се качи на летот. Ако ова е индиција, можно е бројката да паѓа – рече министерот.