Денес пристигнаа добри вести, но за едно лице од Кочани ќе има повторно тест

0

Министерството за здравство информира дека резултатите на 7-те пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на корона вирус.

-Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип.

Тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот, велат од министерството.

Во земјава има 18 лица заразени од коронавирус, од кои 13 се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, а петмина се во болницата во Дебар.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за состојбата на пациентите заразени од корона вирус.

Сите 13 пациенти коишто се сместени на Клиниката за инфективно болести и фебрилни состојби во Скопје се во стабилна состојба, идентична како во текот на вчерашниот ден. Првата пациентка од Дебар е на респираторна машина со значајно подобрување на параметрите по приклучувањето на механичката вентилација, но со се уште непредвидлива прогноза поради тоа што во оваа ситуација многу често доаѓаат компликациите во текот на лекувањето. Сите други пациенти се со лесна клиничка слика, вклучувајќи го и 15 годишниот пациент – сите сместени на одделот за изолација. Прво заболената пациентка од утре ќе биде на домашно лекување.

„Имаме 7 нови материјали коишто се работат. Станува збор за пациенти кои се од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив престојувале во Швајцарија, Австрија и Германија. По неколку дена од враќањето развиле висока температура. Сега се во одделите за изолација таму и во текот на денот ќе бидат готови резултатите. Лицата кои се тестираат според епимиолошкиот прашалник изјавиле дека претходно биле во домашна изолација. Понатаму, од Охрид еден пациент и две родилки коишто вчера се донесени од Дебар.

Едната е во болницата во Охрид, другата е во Скопје. Тие се во изолација и се во стабилна состојба, не се непосредно пред породување, меѓутоа ги донесовме тука за да се направат тестовите и да бидат спремни за породувањето“, потенцираше министерот Филипче.

Претходна статијаОрца Камчев на помош на државата во овие тешки моменти: И хотелите ќе ги прави болници
Следна статијаОткриено со колку легла располага Инфективната клиника во Скопје: Доколку се исполнат, познато што потоа