Денес полета авионот од Скопје кон Барселона, но вакво нешто до сега не се памети

0

Летовите од и кон Македонија преку аеродромот во Скопје се одвиваат непречено. Сите летови пак, од и кон аеродрoмот во Охрид „Св. Апостол Павле“ се откажани.

На веб-страниците на аеродромите има поставено линк кон најважните информации во врска со развојот на ситуацијата со Ковид-19, мерките кои ги препорача Владата, како и линкови за заштита на патниците.

Скопскиот аеродром нуди и информации односно линкови до посебни превозници како „Свис ер“, „Катар Ервејс“, „Пегазус“, „Еделвајс“ , „Кроција ерлајнс“, „Ер Србија“, „Виз ер“, „ЛОТ“ и „Туркиш ерлајнс“.

За денеска има планирани летови кон Доха, Виена, Нирнберг, Меминген, Хановер, Дубаи, Базел, Загреб, Барселона, Цирих и Истанбул.

Во Скопје треба да долетаат авиони од Загреб, Нирнберг, Цирих, Фрајбург, Хановер, Истанбул и Барселона. Откажан е летот од Меминген.

На аеродромот поставени се термални камери со кои се проверува температурата на патниците, а доколку кај некој се забележат знаци на грип, тој се спроведува според медицинскиот протокол.

Сите патници се задолжени да пополнат прашалник во кој одговараат на прашања во врска со тоа од каде доаѓаат, со кого биле во контакт, дали чувствуваат знаци на болест и друго, а потоа треба да останат во самоизолација дома во следните 14 дена. Доколку подоцна добијат знаци на болест треба да се јават во центрите за јавно здравје по што ќе бидат медицински третирани.

Авионот на „Визер“ што од Скопје за Барселона полета денеска нешто пред 18 часот имаше само седум патници, плус членовите на екипажот. Очигледно, во Шпанија заминале само оние што требале да се вратат дома, а не поради туризам. Шпанија воведе кризни мерки за заштита од забрзаното ширење на корона вирусот, но засега не е затворен воздушниот простор за летови од странство.

Претходна статијаГерманците го тестираа корона вирусот на предмети: А замислете што му прави ова на телото
Следна статијаПулмолог објави важна порака за коронавирус: Кога ќе добиете температура, не го правете ова