Актерката од Преспав Јелена Јованова со емотивен статус за својата мајка

0

Пред неколку денови, адвокатката Весна Богова информираше за давање откази од работа во текстилната индустрија. Таа во свој статус на социјалните мрежи напиша:

,,Утрово, прв ден од спроведувањето на Владините вонредни мерки против корона вирусот, паднаа првите откази од работа т.е. принуди врз текстилните работички да потпишат спогодбен престанок на работен однос.

Со тоа работодавците директно ја кршат Владината мерка, поточно одредбата “За да ги чуваат децата дома, платено отсуство и во државно и во приватно ќе добие по еден родител на помали од десет години.

Секој избркан од работа по тој основ, како и оние кои патпишале сподоба за престанок на работен однос под принуда од работодавецот, да побараат помош од:

-ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД дежурен телефон: 151 31 и телефон: 02 3224504 -НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ телефон: 02 3129335 -ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА Р.С.МАКЕДОНИЈА телефон: 02 3230214 ; 02 3230217 ; 02 3229351″Растев во конфекциски град.

Актерката Јелена Јованова, која по потекло е од Штип, денес за првпат откри дека е дете на текстилен работник и дека многу добро ги знае маките на овие работнички, популарни шивачки, кои најчесто на работат седат не по 8, туку по 9, 10 па и повеќе часови.

,,Мајка ми (веќе во пензија) цел живот работеше во конфекција. Ретко 8, најчесто 9,10,12,15 работни часа на ден. Од мал учиш како профитот на конфекционерските газди им е побитен од здравјето на вработените.

Денот го поминуваат стуткани една до друга, припиени до машините за шиење. Многу често единственото ‘сонце’ се сијалици зашто во некои од нив нема ни прозори.

Да не ја отвораме темата како немаат соодветен простор за ручек пауза, како стоејќи една до друга напикани во импровизирани ‘собчиња’ јадат и пак си дишат во врат

Вирусот кој никако не треба да се потцени можеби врќе е на прагот во Штип. Се надевам дека ЕДНАШ во нивниот живот газдите на конфекциите ќе бидат ЧОВЕЧНИ И СОВЕСНИ и ќе ги заштат своите вработени и себе си.

Една заболена работничка без претерување може да значи цел град!!! Еднаш БАРЕМ ЕДНАШ не ја мерете длабочината на вашиот џеб туку неизмерната длабочина и убавина на солидарноста, на одговорноста што ја имаме едни код други како луѓе!”

Претходна статијаФотографија која ја спорелува цел свет: Вака можете да се заштитите од коронавирусот!
Следна статијаПознато што е разликата помеѓу кризна и вонредна состојба