Жестока кавга се случи попладнево на собраниската седница меѓу пратеничката Нола Исмајловска од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска по говорот на Исмајловка која ги наброја пратениците од ВМРО-ДППМНЕ кои гласале за Законот за Армијата со новото уставно име.
-Закон за служаба за армијата е веќе донесен. И во тој Закон има член со кој се усвојува новото име. За ова решение гласаа и пратениците: Владимир Ѓорчев, Иван Иванов, Стојановска Дафне, Никола Мицевски, Пешевска Жаклина и Честојнова Павлинче. Ова е многу лицемерно. Ова лицемерие граѓаните не го заслужуваат“, рече Исмајловска.
По нејзиниот говор, Пешевска и се нафрли со зборовите „Срам да ти е, затни ја устата погана“, на што Исмајловска и возврати „Си гласала за Северна Македонија“, покажуваат стенограмите“. Вознемирената пратеничка која наводно фрлила и телефон ја тргнаа неколку пратеници од нејзината партија.
Собранието попладнево со 80 гласа „за“, без против и без воздржани, го усвои Законот за одбрана со кој се дефинирани обврските кои државата ги презема како идна членка на НАТО, и се преминува од систем на индивидуална во систем на колективна одбрана.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на гласањето револтирани од, како што го нарекоа, криминалното гласање за законот за јавното обвинителство. Претходно со 73 гласа „за“ беше усвоен и законот за Советот на јавни обвинители, како закон за кој е потребно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно минимум 61 глас.
Пред гласањето за законот за одбрана, пратеничката од независната група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајловска, ги потсети своите поранешни колеги дека немале проблем да гласаат за Законот за служба во АРМ, во кој стои Армија на Република Северна Македонија, а го проблематизираат законот за одбрана, кој е важен за НАТО интеграцијата.
Стенограните од гласањето за Законот за служба во Армијата, потсети таа, покажуваат дека „за“ гласале седум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ – Дафина Стојаноска, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, Слаѓана Митровска, Жаклина Пешевска, Владимир Ѓорчев, Иван Иванов, Павлинче Честојнова.
„Очекував барем тие да бидат присутни и да гласаат. Значи тука сме кога треба да се гласа за закон за кој не е потребно двотретинско мнозинство, кога се ратификува Протоколот за НАТО, а сега не сме тука. Вакво лицемерие не заслужуваат граѓаните“, порача Исмајловска.
По нејзиниот говор и гласањето за законот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ влегоа во салата. Пешевска ја нападна вербално Исмајловска со зборовите: „Срам, да ти е, затвори ја устата погана“, на што Исмајловска и врати „си гласала, те има во стенограмите“.