(ВИДЕО) Се огласи жената за која се тврдеше дека е првата заразена од Корона во Македонија: Имаше што да каже

0

Откако е потврден првиот случај на заболен од коронавирус во земјава кај пациентка, родена 1970 година од Скопје, која одреден период престојувала во Италија се појавија гласини за тоа кој е нејзиниот идентитет.

Министерот по објавувањето на оваа вест истакна дека нема простор за паника.

-Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација, соодветно се третира нејзината состојба. Епидемилошките анализи укажуваа на тоа дека таа еден месец била во Италија во посета на роднини. Веќе две недели е болна и иницијално се тестирала во здравствената установа во Италија и непосредно по влегувањето на нашата земја директно се упатила на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт таа не претставувала опасност за да ја пренесе болеста, рече Филипче.

Модната дизјанерка Елена Пандева и сопственичка на ,,Елена Лука” синоќа и се обрати на јавноста преку видео порака. Вели дека кога пред два дена слушнала гласини дека таа и нејзиниот тим се лицата кои патувале од Милано кон земјава, односно дека токму таа е жената која е заболена од коронавирус, на почеток и било смешно.

Но, откако веста започна да се споделува на социјалните мрежи, таа се загрижила и решила да стави крај на шпекулациите. Во видеото Пандева демантира дека била присутна на модната недела во Милано, настан кој го посетиле две жени од Грција кои се позитивни на вирусот. Тврди дека единствено имала настан во Скопје, во Александар Палас и како во последниот период не ни излегувала од земјава.

-Бог да ни е на помош во овие времиња! Имајте поголема верба, повеќе љубов, а помалку паника и страв. И овој тест ќе помине. И оваа ситуација ќе замени друга. И се така до крајот на животот. Затоа да не бидеме никогаш предмет на духовни манипулации, туку со Божја љубов да победиме се што ни ја темнее душата, па и стравот од смртта – пишува дизајнерката под видеото.

Za site onie sto ne mislea ovie posledni 2 .3 dena..😊Ve molam da se potrudime da ima pomalku zlo vo nas generalno ..moze?Bog da ni e na pomos go molime vo ovie vreminja..🙏Imajte pogolema verba..povekje Ljubov a pomalku panika.l strav…I ovoj test ke projde..i ovaa situacija ke ja zameni druga..i se taka do krajot na zivotot..Zatoa da ne bideme nikogas predmet na duhovni manipulacii tuku so Bozja Ljubov da pobedime se' sto ni ja temnee dushata..pa i stravot od smrtta! ❤🙏Bog.

Публикувахте от Elena Pandeva в Петък, 28 февруари 2020 г.

Денес таа се најде на мета на критики, откако на нејзината официјална страница се појави модна маска за лице, која се продава по цена од 599 денари. Многумина коментираа дека во време кога светот е во паника поради вирусот, дизјанерските маски се последното нешто на кое што треба да се мисли и од кое што треба да се заработува.

Претходна статијаМакедонката Билјана Колоска од Италија: Се чувствувам посигурно тука, секако дека и ние не сме добредојдени таму сега во Македонија
Следна статија(ВИДЕО) Екс претседателот како што го немате видено досега: Иванов на патриотски песни играше оро со Македонците во Австралија