Вардар се распаѓа: Играчите си одат – навивачите во неверување

0

Даинис Криштопанс го презема првиот радикален чекор и си пронајде нова средина поради неисплатените плати, а неколку часа по официјалното заминување на летонскиот „џин“, пристигна информација и за раскин на договорот со Павел Атман.

Некогашниот ракометар на Металург изминатово лето потпиша за Вардар, но поради огромната финансиска криза и нерешените проблеми во редовите на европскиот првак, Атман реши експресно да си замине од Скопје и да се врати во својата Русија.

Криштопанс си замине во Фуксе Берлин каде потпиша договор до крајот на сезоната, а егзодусот на кој очигледно не му се наѕира крајот продолжува со Атман кој стави параф на договор со Спартак Москва.

Ова е јасен доказ дека на играчите им здодеа да живеат само од ветувања, а со оглед на тоа што нема најава за трјано решавање на проблемот и исплата на платите, не се исклучува можноста чекорот на Криштопанс и Атман да го следат уште неколку играчи.

Егзодусот во редовите на ракометниот европски шампион Вардар продолжува. Даинис Криштопанс сезоната ќе ја доигра во Фуксе Берлин пред да го облече дресот на ПСЖ, Спартак Москва го потврди ангажманот на Павел Атман, додека од претходно се знае за Данил Шишкарев дека од следната сезона ќе игра за Веспрем.

Калифа Гедбан, првиот избор на голот на Вардар, исто така најде ангажман, ќе брани за Адемар Леон. Алжирецот ќе ја задолжи опремата на шпанскиот тим во новата сезона и тој е последниот член на Црвено-црната фамилија кој го напушта скопскиот гигант.

Низата заминувања се случуваат од финансиски причини, на ракометарите веќе извесен период им доцнат платите. Инаку се очекуваат уште заминувања, пред сè на главните играчи.

Даинис Криштопанс од денеска и официјално е нов член на Фуксе Берлин, откако летонскиот „џин“ реши да стави крај на финансиската агонија во Вардар и да си замине од Скопје неколку месеци пред договорениот трансфер во ПСЖ.

Тој денеска и официјално беше промовиран во нов член на „лисиците“ од Берлин, а во првата изјава како член на Фуксе се осврна и на времето минато во црвено-црниот дрес.

„Пред се сакам да му заблагодарам на Вардар, на луѓето таму за спектакуларното време што го минавме заедно и за многуте освоени титули.

Трофејот во ЛШ беше нешто навистина неверојатно и уникатно. Сега со гордост ќе го носам дресот на Фуксе Берлин, доаѓам во еден од најдобрите клубови во Германија и верувам дека ќе продолжам да се развивам како играч“, изјави Криштопанс по потписот за новата екипа.

Претходна статијаМајката на младата Марија која исчезна: Излегла низ прозорецот, ги зела и клучевите од автомобиилот
Следна статијаСрпската пејачка откри колку пари потрошила на шопинг за еден час