Најпознатиот Тетовец се најде во центарот на вниманието кај светската јавност: Познато и поради што

0

Откако тетовецот Фали Рамадани се најде во центар на вниманието поради наводи за финансиски малверзации, перење пари и затајување данок во Шпанија, медиумите на Пиринеите не престануваат да пишуваат за еден од најмоќните менаџери, кој се соочува со тешки обвиненија по рацијата што му беше направена во Мајорка.

Според информациите на шпанските медиуми, Фали Рамадани затаил и испрал над 100 милиони евра преку голем број на трансфери, а најголем дел од трансферите кои се сомнителни се поврзани со српски фудбалски ѕвезди, но и самиот трансфер на Нејмар во Пари Сен Жермен, во кој учествувал како посредник за светски рекордната сума од 222 милиони евра.

Акцијата за Рамадани почнала откако се појавија првите документи за финансиски малверзации на „Фудбал Ликс“, од каде почна и истрагата која доведе до суспензија од ЛШ за Манчестер сити, а потоа шпанските даночни власти и агенциите за сузбивање на корупција и организиран криминал поддржани и од Европол почнале во голема акција за истрага, а помогнал како „свиркач“ бившиот директор на Мајорка, Махета Моланго, кој го донесе Александар Трајковски на Балеарските острови.

Пред неколку дена, шест часа траела рацијата во која била одземена бројна документација од домот на Рамадани на Мајорка, каде поседувал и земјиште, станови, луксузни автомобили, јахти…

Инаку неговата агенција „Лијан Спорт“ според угледниот Форбс била 12-та најмоќна менаџерска агенција со приходи од 49 милиони евра, а договорени трансфери во вредност од преку 500 милиони евра.

„Бев подложен на една нормална даночна ревизија. Ајде да видиме што ќе се испостави“, рече Рамадани.

Еден од сомнителните трансфери на Рамадани е оној на Јовиќ. Во 2016 година, Аполон од Кипар го купи Јовиќ за 2 милиони евра од Црвена Звезда, и неколку дена подоцна го продаде за 6,6 на Бенфика.

Претходна статијаФросина Ременски проговори како се запознала со Боки 13: Да не заборавиме на колку луѓе тој помогна
Следна статијаНаумче од битолско останал зачуден од својот син: Ни во сон не би помислил дека ќе се случи тоа