Сведоштво на Македонката Оливера од северот на Италија: Никој не очекуваше дека буквално дома ќе ти се случи

0

Македонката Оливера Јовановска Гарбин која со своето семејство живее и работи во местото Мира Мирано, кое се наоѓа во близина на Венеција во разговор за Телма вели дека ова се едни од најтажните карневалски денови на Венеција, бидејќи посетеноста е минимална.

Нејзиното семејство постојано ја следи состојбата со епидемијата и ги почитува препораките на здравствените власти.

Јовановска и нејзиното семејство стравуваат како ќе ја поминат пасошката контрола во Тревизо, на лет кон Македонија, поради се построгите мерки.

„Јас живеам во местото Мира каде што вчера и официјално е регистиран првиот случај на заразен од Корона од ова место. Надлежните, почнувајќи од градоначалникот веднаш сите излегоа на терен и го смируваат народот. Паниката во оваа ситуација не ни е потребна, па затоа и се смирува.

„Јас лично бев вознемирена, затоа што никој не очекуваше дека буквално дома ќе ти се случи вирусот. Меѓутоа тоа е реалноста на светско ниво и мора да се прифати. Вчера меѓу 18 и 23 часто прошетав, како во моето место, така и во Венеција. Релативно утврдив смирена атмосфер. Во локалните, продавниците каде што се газди Кинизи имаше купувачи. Бев во Венеција каде што беше тажно сооглед на тоа што имаше многу малку луѓе на карневалот. Во последните 13 години не паметам толку малку одзив“, вели Оливера за Телма ТВ.

Околу 64.000 македонски државјани живеат во Италија, од кои околу 12.000 во Венето и околу 6.000 во Ломбардија, двата северни региона во јужната европска земја, во кои има изолација на 11 населени места поради епидемија на коронавирусот.

Ова се статистички податоци од италијанскиот сајт https://www.tuttitalia.it/. Податоците се од 2019 година, а засега нема официјални информации од нашите надлежни органи за состојбата со македонските државјани во овие два италијански региона, каде се воведени вонредни мерки, откако во Италија досега се регистрирани над сто случаи на заразени од корона вирусот, од кои 89 во Ломбардија. Две лица починаа како последица на коронавирусот во оваа јужна европска земја.

Претходна статијаПет дена пред свадбата ме бараа да им бидам кум, но само поради едно нешто ги одбив
Следна статијаЗаев проговори за моментите кога одел на нива во Муртино и копал