Македонската пејачка Елена Велевска за естрадниот магазин „Бекстејџ“ го најави враќањето на музичката сцена со нов видео-спот, но призна и дека наскоро повторно ќе биде сингл.
Елена истакна дека се трудела да го зачува бракот, но не успеала. Вели дека ќе се потруди годините поминати во брак да бидат основа за ги зачува добрите односи со поранешниот сопруг, Марјан Мирчески. Таа додаде дека мажи има насекаде низ светот, а дека децата ѝ се најбитни од се.
Во едно интервју пејачката откри дека го запознала сопругот на турнеја во Австралија во 2002 година, како и дека запознавањето било љубов на прв поглед. Сопружниците никогаш не направиле свадба, но тоа не го спречило Марјан да се врати во Македонија, како би можеле да бидат заедно.
Марјан Мирчески, сопругот на една од нашите најпознати фолк пејачки, Елена Велеска потврдува дека тој и Елена се разведуваат, овој пат дефинитивно и без можност за предомислување. Тој прстот го впери во Велеска, тврдејќи дека таа има нарушена здравствена состојба и со тоа е опасна за околината, објави „Медиасет.мк“.
Елена се соочи со сериозен здравствен проблем и кој може да биде опасен како за неа така и за околината. Ситуацијата стана сериозна и за жал невозможно е да живееме заедно со трите деца, па таа на 24 октомври беше пренесена во Прилеп каде беше под надзор на докторот Пирганоски.
Елена 14 дена примаше адекватна терапија. По 4 седмици откако беше пуштена од болница прекинала да ја зема терапијата, по што ситуацијата повторно се влоши“, објаснува Мирчески и додава дека во тој период ѝ биле откажани сите настапи кои биле претходно закажани.
Мирчески вели дека тој се грижи за нивните деца, а тврди дека докторот одбивал да го даде извештајот за нејзината состојба во Центарот за социјалните работи, за да се определи старателството.
Марјан Мирчески и Елена Велевска последните две години беа актуелни во јавноста со разводите кои беа најавувани во медиумите, па се повлекуваа, за на крај ситуацијата да ескалира.