Родители останале затечени: Воспитувачка во Штип ги заклучила и оставила сами децата и заминала во супер маркет да си пазари

0

Гледачи на ТВ Стар сведочи за недолично однесување на воспитувачка од градинката Сончогледи во Штип. Тврдат децата таму често се оставаат сами и без стручен надзор. Во разговорот, соговорник чиј иденттет е познат изјави:

Се изненадив кога во работно време во супер маркет меѓу рафтовите ја видов воспитувачката на нашето дете кое во тој момент беше во градинка. Помислив дека таа можеби не е на работа но помислив дека можеби и е на работа. Веднаш отидов во градинката и наидов на заклучена врата по што се уверив дека децата беа оставени без стручен надзор на воспитувачката.

Нашите соговорници велат дека оттогаш тие не се спокојни за безбедноста на нивното дете.

Не е прв пат на ова воспитувачка да и се случуваат немили искуства во работењето. На пример, пред извесен период и од истата градинка поради негрижа побегна дете по пижами оттука, ве молиме да интервенирате.

За случајот кој во сегашната предагошка пракса е крајно неодговорен и еднаков на скандал, од градинката Сончогледи изјавија.

„Сите вработени во детската јавна установа во Градинка во Астибо најодговорно ги извршуваат работните задачи во текот на целото работно време ,сакам да појаснам дека и нашите вработени како и сите други имаат право на 30 минутна пауза или користење на ден од одмор во кое што време можат да бидат забележани надвор од градинката ,секогаш кога некој од вработените е отсутен грижата за вработените ја превземаат други вработени,негователи или воспитувачи.

Апелирам до сите родители што имаат забелешки за работата во градинката да се обратат во стручната служба на нашата установа“ изјави Билјана Трајчевска, директор на ДГ „Астибо“.

Извор ТВ Стар

Претходна статијаЌерка ми за време од 4 години роди три девојчиња, а сега е четврти пат бремена: Ги обвинувам мажот и свекрвата
Следна статијаНесекојдневна инвестиција на Славе Данев: Вложи 140 000 евра и увезе 64 јунци од Чешка