Дека актуелниот европски шампион Вардар го тренери финансиска криза им е познато дури и на врапчињата во Македонија, но тоа полека станува топ тема и на Стариот континент со оглед што ракометарите на овој тим речиси секојдневно ја искажуваат својата мака во европските медиуми.
Последен од таа низа е Германецот Кристијан Дисингер, кој им се пожали на германските новинари дека најголем дел од црвено-црните веќе шест месеци не добиле ниту денар.
„Во моментов е многу компликувано за сите нас во тимот. Најголем дел од ракометарите немаат земено плата веќе половина година, а периодично добиваме само трошки.
Во Скопје може да се преживее и со 300 евра, но фактот што не го добиваш своите заработени пари носи стрес и нервоза. Затоа не зачудува што полека речиси сите сегашни играчи на Вардар полека наоѓаат нови клубови за следната сезона“, изјавил Дисингер.
Меѓу тие што веќе имаат нови клубови се Даинис Криштопанс кој е нов ракометар на ПСЖ, а Данил Шишкарев пред неколку дена беше промовиран во Веспрем. Меѓу тие што тешко ќе го носат дресот на сѐ уште актуелниот првак на Европа е и самиот Дисингер.
„Мојот договор завршува во јуни и само чудо може да ме задржи во дресот на Вардар за следната сезона“, заврши германскиот ас.
Последниот што говореше за финансиската криза во македонската ракометна городост беше џинот Кристопанс за летонскиот медиуми, а често тоа го и останатите во тимот кој во моментов се бори за подобар пласман во групата во Лигата на шампионите, со што би дошле до поприфатлив противник во осминафиналната фаза од ова натпреварување.
Еден од тие што проговорија за финансиските проблеми во црвено-црниот табор е и сигурно најдобриот во тимот во моментов, Даинис Криштопанс, кој за летонските медиуми изјави дека долговите се големи, а дека проблемот се решава, но бавно.
„Финансиските проблеми кои почнаа минатата сезона, продолжија и во оваа. Долгот е огромен. Вардар должи речиси на сите ракометари, некому повеќе, некому помалку. Проблемите се решаваат, но бавно. Сѐ во клубот се движи многу бавно“, изјави Криштопанс.
Високиот ракометар минатиот месец дебитира на европската репрезентативна сцена и тоа со 21 гол постигнат на трите средби во дресот на Летонија, која не ја мина првата фаза на ЕП. Минатата сезона, пак, реализира 94 погодоци во Лигата на шампионите и беше втор стрелец во походот на Вардар кон европската титула.
„На хартија ние бевме аутсајдери на Ф4-турнирот во Келн. Но, не секогаш тоа што е напишано на хартија е точно. Изгинавме на теренот и заслужено победивме. Триумфот во ЛШ е награда за сиот труд вложен досега во мојата кариера. Згора на тоа, никогаш нема да го заборавам враќањето во Скопје, кога бевме пречекани како национални херои“, дополни десниот бек на црвено-црните.
Криштопанс ја игра последната сезона во дресот на Вардар, со оглед што веќе потпиша тригодишен договор со францускиот гигант ПСЖ.