„Работам како за двајца, а не заработувам ни како за еден, немам добиено покачувување во последните три години“

0

“Работам како за двајца, а не заработувам ни како за еден“. “Немам добиено покачувување во последните три години“. “Зошто тој заработува повеќе од мене, а работи двојно помалку?“ – дел од секојдневните критики кои се упатени до работодавачите.

Платата е дефинитивно еден од најголемите мотиватори на работното место. Работодавачите кои не исплаќаат фер плати многу брзо наидуваат на револт од вработените, и многу често, нивно заминување.

Што да правите како работодавач? Обидете се да ги држите платите на фер ниво, и секако, секој да добие онолку колку што допринел за успехот на бизнисот. 4 принципи за фер плата.

Играјте според пазарот

Најдобриот начин да останете на вистинскиот пат со компензацијата е да знаете колку вашите непосредни, локални конкуренти плаќаат и како тие плаќаат. Спроведете темелни анализи на пазарот. Погледнете ги деталите и направете споредба во индустријата. Размислете за работното искуство и другите фактори како што се вештините и образованието. Разгледајте како другите работодавци плаќаат – дали нудат варијабилна плата, зголемена за бонуси, премии за успешност или бонуси како дополнување на основната плата.

Направете внатрешна споредба

Кој придонесува најмногу во вашата компанија? Дали дел од вашите вработени треба да добијат покачување? Споредбата на вредноста на позициите во организацијата може да помогне да се осигури дека вработените се исплаќаат праведно во однос на нивниот придонес за успешноста на бизнисот.

Директно врзете ги платите со перформансите

Една од најголемите критики кои работодавците ги добиваат од своите вработени е всушност тоа кога вредните работници заработуваат исто со оние кои допринесуваат помалку и кога не постои награда во форма на покачување за оние што имаат подобар перформанс. Тоа може да биде фрустрирачки за вашите најдобри вработени бидејќи нивната плата не го одразува нивниот перформанс. Затоа е од клучно значење редовно да се мерат перформансите на вработените и соодветно да се награди трудот на секој еден работник.

Споделете го богатството

Ако вашата компанија има одлични финансиски резултати, а вработените не се наградени за тоа, тие на крајот ќе забележат и ќе станат разочарани. Ако сакате вашиот бизнис да продолжи да работи успешно и вашите вработени да бидат среќни и да останат со вас, дел од профитот распределетего во форма на бонуси и други финансиски награди. Запомнете дека нивната плата треба да биде поврзана со успехот на компанијата.

Запомнете дека вработените се вашите најголемо богатство. Ценете ги и наградувајте ги според нивните заслуги – во спротивно, ќе ве заменат.

Извор: Вработуванје.ком

Претходна статијаПо информациите дека дал оставка, пред малку на својот профил се огласи Чулев
Следна статијаЦеца раскажа како настанала песната поради која секој Балканец станува од столче – ,,Кукавица”