Пред 3 месеци ми исчезна мачката, ми јавија дека ја нашле и не сакаа да ми ја вратат, морав со сила да ја земам

0

Уште од осмо одделение си ја имам Мина мачката која многу, многу си ја сакам. Цели девет години сме заедно и имаме сè е сешто поминато заедно. Многу е убава, мешанка е со персијанско потекло и главата и е поделена како со линија на две бои.

Целата е шарена, мека, милна. Многу сака да се гали и да се мази. Еееее само колку пати морав да учам со нејзе во скут за да не се чувствува запоставено.

Секогаш кога ќе ми дојдеа другарки таа мораше главна да биде. Се врткаше околу сите и мораше од сите поединечно да добие минимум по една доза галење. Популарна беше мојата Мина. Сите ја сакаат.

Имам безброј фотографии со неа. Честопати доаѓаа мои другарки и другарки на моите другарки, сите што имаат мачка, па ги носеа своите миленичиња кај мене и правевме фотосесија.

Имам докази за сопственост еден куп. Имам милион фотографии со неа. Ме убедуваат да и отворам профил на Инстаграм, ама до толку немав време, секој ден да и ги објавувам фотографиите.

Како и да, пред пред половина година сите заедно го прославивме нејзиниот 9. роденден. Луѓе, џабе ми е уште да ви зборам и да ви објаснувам, значи Мина е дел од мене и премногу ја сакам.

Ова што ми се случи едноставно не е фер! Пред три месеци Мина ми се изгуби. Скокнала низ прозор и не можевме да ја најдеме. Станав очајна. Поминаа два дена, а јас веќе ги алармирав сите групи на социјалните мрежи за изгубени миленици и сите луѓе што ги познавав, а се занимаваат со оваа тема.

Испринтав и еден куп постери и заедно со другарките ги залепивме насекаде низ градот. Многу сум им благодарна на сите што учествуваа во потрагата.

Кога веќе изгубив надеж, ми се јави една жена и ми рече да не се грижам, бидејќи кај нејзе била мојата мачка, ќерка и ја пронашла.

Јас почнав да скокам и да викам од радост, за малку ќе ми испаднеше телефонот од раце. И се заблагодарив до небо и назад, милионпати благодарам и ја прашав кога може да дојдам да си ја земам мачката, да ми каже адреса.

На тоа таа ми рече: “Знаеш што девојче, ти се јавувам само да знаеш дека твојата мачка е добро, не е повредена од куче или од автомобил, дека не треба да се грижиш.

Ќерка ми е болна, уствари не е болна, има аутизам. Ама толку многу се приврза за мачкава, по цел ден е со неа. Вака среќна не сум ја видела никогаш. Те молам, немој да нè бараш, само ти се јавувам да ти кажам дека мачката е во добри раце, не сакам да имам грижа на совест. Ти велам дека ќе ја задржиме и нема да ти ја вратиме.”

-Ама не доаѓа во предвид! И реков, а таа ми спушти и не ме сослуша што имав да и кажам. Не можев да и се јавам зошто од скриен број ми вртеше.

Се јавив во полиција, а потоа и отидов, па прво не им беше гајле за една мачка и не сакаа да се мешаат, па ме убедуваа дека е најдобро да се откажам од мачката. Ми беше жал и за девојчето, ама сè уште не можев да се откажам од мојата Мина.

Пишував до каде можев да пишам и пријавував до каде можев да пријавам.
Нема да ви откријам како дознав каде живее госпоѓата што ми се јави, ама после еден месец дознав и ја најдов. Ги зедов со себе мајка ми и татко ми и сите мои другари и другарки и сите заедно и заѕвонивме на врата.

Таа знаеше веднаш која сум, се исплаши и ми рече да влезам. Ќерка и’ не ја видов, не знам ни дали постои, можеби ме излажа. Важно ми ја врати Мина.

Ама мачката моја беше во ужасна состојба. Крзното и беше испоискубано, имаше болен израз на лицето. Жално мјаукаше и испушташе некој чуден звук. Имаше лоши гасови, а и устата и смрдеше.

Веднаш ја однесов на ветеринар и таму ми потврдија дека е во многу лоша здравствена состојба. И се развиле други проблеми, а и “шепаше” на едната нога. Имаше температура поради воспален бубрег. Само еден Господ знае што и се случувало цело ова време, срам да и’ е на госпоѓата што веднаш не ми ја врати!

Денес е под силна антибиотска терапија, ветеринарите дигаат раменици и не знаат дали ќе се извлече. Мина престане да јаде, едвај со сила и давам малку вода и течна храна. Постојано е на инфузија. Се надевам и се молам дека ќе оздрави, многу сум загрижена.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаНаставничка сум по математика и ме прогласиле за најлоша во школото – не сум ви јас крива што имате мрзливи деца
Следна статијаСепак постои начин да се добие дозвола за постојан престој во Шведска и доколку не сте државјанин на земја членка на ЕУ