Патниците го напуштаат крузерот кај Јокохама, но што е со тројцата Македонци

0

Тројцата македонски државјани, дел од персоналот на бродот закотвен во Јокохама засега остануваат во Јапонија иако заврши двонеделниот канантин поради заболени од коронавирус.

Од МНР информираат дека на заболениот Македонец кој е на лекување во болница треба да му се направат нови анализи и доколку не покажат присуство на вирусот ќе биде пуштен дома.

Другите двајца кои се членови на персоналот најверојатно ќе останат на крузерот додека не излезат сите патници.

Засега не се знае дали и кога ќе се вратат во Македонија, но од министерството за здравство велат дека доколку пристигнат во земјава како превентивна мерка ќе им бидат направени тестирања.

Инаку денеска неколку стотици лица го напуштија крузерот, а Американците и Канаѓаните беа евакуирани уште пред 2 дена и со авиони се вратени во нивните земји.

Инаку крузерот Дајмонд Принцес е најголемото жариште на Ковид-19 надвор од Кина. На бродот со 3700-тини патници од 56 држави , заразени се над 540 лица.

Претходна статијаНе можам да јадам кога ги гледам валканите раце на мајка ти, мора да ја однесеме во дом! Ми рече, без око да и трепне
Следна статијаПоради долг од 5000 денари на македонски музичар сакaат да му ја земат куќата: Со сопругата и трите малолетни деца ќе останат на улица